Connect with us

Балкан

ВОЛНЕН ЕЛЕК за Вучиќ: „Ќе биде тешка зима, ова ќе го стопли“

Велат ќе биде тешка зима, затоа на секој министер му сплетив по еден пар волнени чорапи, најдобро ќе ги стопли – изјави за РИНУ Љубица, жителка на српското село Девиќи, пренесува Kurir.rs.

Имено, српскиот претседател Александар Вучиќ свечено пушти во употреба нов асфалтиран пат долг осум километри во селото Девиќи. Мештаните кои со децении шетаат по макадам велат дека се воодушевени од новата реконструкција, а мештанката Љубица во знак на благодарност исплетила волнен елек со иницијалите на претседателот и грбот на Србија.

Kurir.rs пренесува дека Љубица го плетела елекот две години, а подготвувала и подароци за министрите во Владата.

Почнав да го плетам кога претседателот нареди да се санира патот до Девиќи, кој беше во ужасна состојба. Со задоволство го направив и се надевам дека ќе успеам да му го претставам. Знак на благодарност е што тој беше човек пред се кон нас „планинарите“ на кои ретко кој обрнуваше внимание – рече Љубица пред средбата со претседателот.

Љубица вели дека се грижела за секој детал и затоа плетењето траело толку долго.

– Изработен е од волна што ја стрижев од моето стадо и е вистинско уметничко дело. На задната страна е големиот државен грб на Србија, двоглав орел со круна, е извезен верно како на најелегантните таписерии, а истиот вез со помал големина го краси левиот ревер на оваа рачно изработена елек – изјави Љубица.

Балкан

Атина: 38 приведени за време на годишнината од убиството на тинејџерот

Во центарот на Атина вечерва избувнаа судири меѓу демонстранти и полицијата за време на маршот по повод 17-годишнината од убиството на Александрос Григоропулос. Полицијата употреби солзавец и шок-бомби, а 38 лица беа приведени, од кои осум се уапсени.

Тензии се појавија кога дел од демонстрантите се обидоа да се упатат кон квартот Егзархија, но полицијата ги спречи. Метро станиците „Панепистимио“ и „Синтагма“ беа затворени од 17 часот по наредба на властите.

Слични протести се одржаа и во Солун, каде беа приведени десет лица. Убиството на 15-годишниот Григоропулос во 2008 година останува симбол на борбата против полициската бруталност, а годишнината и годинава беше обележана со судири и засилено полициско присуство.

Continue Reading

Балкан

Брод со мигранти се превртел кај Крит: 18 загинати, двајца преживеани

Грчката крајбрежна стража пронајде брод со 18 загинати мигранти покрај брегот на Крит, јави грчката јавна телевизија ERT News. Двајца преживеани изјавиле дека ја изгубиле контролата над бродот за време на бура, останувајќи на отворено море без вода и храна.

Сè уште не е познато од каде потекнуваат жртвите, а форензичарите и истражителите работат на утврдување на околностите околу несреќата. Моќна бура беснее во морето околу Крит, со налети на ветер над 90 километри на час.

Според УНХЦР, криумчарски банди продолжуваат да испраќаат мигранти по опасната рута од Тобрук во Либија кон Крит, а речиси 17.000 мигранти пристигнале на островот до почетокот на декември 2025 година.

Continue Reading

Балкан

(ВИДЕО) Автомобил „полета“ над кружен тек – дијабетска криза ја предизвикала несреќата

Тешка сообраќајна несреќа се случи во Романија кога возач на „мерцедес“ ја изгуби контролата врз автомобилот и буквално прелета над две возила на кружен тек.

На видеото кое кружи на социјалните мрежи јасно се гледа дека автомобилот возел со голема брзина, ја пресекол кружницата и „полетал“ над другите возила пред да удри во столб на надзорна камера и да застане на зелена површина покрај блиска бензинска пумпа.

Возачот, 55-годишен маж, останал заробен во автомобилот, но спасувачите успеале да го извлечат. Тој претрпел само полесни повреди и е однесен во болница на контрола, без потреба од хоспитализација.

Тестовите покажале дека не консумирал алкохол или дрога, а причината за несреќата е дијабетска криза која го спречила да реагира додека возел.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг