ЛОШИ ВЕСТИ: Oткриено е истекување во нафтовод кој транспортира нафта од Русија во Европа

Полскиот оператор на нафтоводот Перн вчера открил истекување во една линија од нафтоводот Дружба, со кој се транспортира нафта од Русија во Европа.

Перн рече дека причината за истекувањето засега е непозната. Откриен е во дел од цевката на околу 70 километри од централниот полски град Плоцк.

„Вториот цевковод и другите елементи од инфраструктурата на Перн работат нормално“, велат од Перн.

„Во овој момент сите служби на Перн (технички, оперативни, внатрешни противпожарни бригади и заштита на животната средина) преземаат мерки предвидени за ваков тип на состојби“, пренесува Ројтерс.