Connect with us

Македонија

Чепреганов му одржа лекција на бугарскиот пратеник Јорданов: УБИЕНИОТ ВОЈНИК НОСЕЛ БУГАРСКА УНИФОРМА И Ѝ СЛУЖЕЛ НА БУГАРСКАТА ФАШИСТИЧКА ВЛАСТ

Војникот којшто беше убиен пред участокот носеше униформа на наци-фашистичка Бугарија. Македонските партизани пукаа во униформата на војникот што ја носеше што беше олицетворение на наци-фашизмот, окупацијата и идентитетското обезличување, му порача историчарот Тодор Чепреганов на бугарскиот пратеник Александар Јорданов.

Историчарот Тодор Чепреганов остро реагираше на тврдењето на бугарскиот пратеник Александар Јорданов дека востанието на 11 октомври во Прилеп го кренале терористи.

„Пишувате дека на 11 октомври 1941 година неколкумина терористи, кои подоцна ќе бидат наречени ‘борци од Првиот прилепски партизански одред’ ја напаѓаат полициската станица во градот Прилеп и ги пресекуваат телефонски жици. Тие убиваат татко на три деца’. И за да додадете малку повеќе патетика, емоција и емпатија, во продолжение велите ‘зацрнето е добро семејство што верува во Бога. Три деца остануваат сираци’. Сигурно дека убиениот е Бугарин. И не само за вас туку и за секој еден кој добро ја познава воената историја и терорија му е јасно дека војникот носел бугарска униформа и чувал стража пред бугарскиот участок и ја симболизира бугарската фашистичка власт и окупација па и да бил Македонец, Србин, Ром, Албанец или Влав. Униформата не прави разлика во националноста, етничката припадност“, пишува Чепреганов за „Пресинг ТВ“.

Чепреганов нема дилеми дека сите кои ја носеле таа униформа биле окупатори на македонскиот народ.

(Не)почитуван Јорданов македонските партизани кои излегоа на 11 октомври 1941 година, во добро припремена акција под раководство на Покраинскиот комитетет на КПЈ за Македонија и на Местниот комитет во Прилеп, а на 12 октомври и во Куманово излегоа да се борат против наци-фашизмот на Германија, Италија, Унгарија, Бугарија и други фашистички држави. Војникот којшто беше убиен пред участокот носеше униформа на наци-фашистичка Бугарија. Македонските партизани пукаа во униформата на војникот што ја носеше што беше олицетворение на наци-фашизмот, окупацијата и идентитетското обезличување. Велите дека човекот кој е убиен оставил три деца сираци?! Со ова само покажувате дека немате ни малку морал, етика“, наведува Чепреганов.

Тој му посочува на Јорданов дека наци-фашистичка војска убиваше не само родители на деца кои не можеа да им се израдуваат и да гледаат како стануваа возрасни, со свои деца и на старост да се грижат за нив, туку ТВОИТЕ сонародници во бугарски униформи убиваа деца коишто само што беа зачекориле во младоста.

Македонија

Тошковски откри кои прекршоци ќе бидат на удар на „Безбеден град“

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска истакна дека системот „Безбеден град“ ќе се спроведува со прецизно дефиниран праг на толеранција, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот и јавниот простор, а не казнување по секоја цена.

Тошковски појасни дека системот ќе биде насочен кон препознавање и санкционирање на сериозни и опасни прекршоци, особено оние кои директно го загрозуваат животот и безбедноста на граѓаните. „Целта е да се воспостави ред и превенција, а не репресија без разум“, рече тој.

„Ќе има јасни правила, транспарентност и точно утврдени критериуми. Граѓаните ќе знаат што се санкционира и зошто. Системот нема да биде лов на прекршители, туку алатка за заштита на човечки животи“, нагласи министерот.

Проектот предвидува користење на современи технолошки решенија, вклучително камери и софтвер за следење на сообраќајот, со цел подобрување на контрола и намалување на бројот на сообраќајни незгоди.

Министерството најави дека имплементацијата ќе се спроведува фазно, со претходна информираност на јавноста и соодветен период за прилагодување, за граѓаните да се запознаат со новиот систем и неговото функционирање.

Continue Reading

Македонија

Пораст на нивото на реките: Пчиња, Вардар, Треска и Црн Дрим со зголемен водостој

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) алармира за значително зголемување на водостоите кај клучните реки, надминувајќи го просекот за декември.

Реката Вардар, нашиот најголем воден пат, е видно „нарасната“ долж нејзиниот тек – од Јегуновце, преку Скопје и Велес, па сѐ до Демир Капија. Слична слика се бележи и на Пчиња кај Катлановска бања, Треска кај Македонски Брод, Црн Дрим кај Ложани и Сатеска кај Ботун.

Од друга страна пак, нивото на Брегалница кај Берово и Штип, Пчиња кај Пелинце и Црна Река кај Новаци, се под просечните декемвриски граници.

Во однос на природните езера, ситуацијата е стабилна и без отстапувања. Водостоите на Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро се во рамки на просекот за овој период од годината, ветувајќи мирување и покрај раздвижениот речен систем.

Continue Reading

Македонија

Пролетни температури во декември: Сончевото топло време во текот на целата седмица

Продолжува доминацијата на високиот воздушен притисок, односно Антициклонот, кој и оваа седмица ни носи пролетно време.

Заборавете на студената зимска идила – времето останува стабилно и суво, а деновите ќе бидат натпросечно топли, иако утрата ќе бидат спартански ладни. Термометрите на повеќе места наутро ќе се спуштаат до минусни температури, што налага внимателно облекување пред изгрејсонце.

Сепак, не секаде ќе биде сончево. По котлините и речните долини, особено во текот на ноќта и утрото, маглата и ниската облачност ќе создаваат густа завеса. Овој феномен нема да ја заобиколи ниту Скопската котлина, каде што во утринските часови се очекуваат значително отежнати услови за сообраќај.

Дневните температури се вистински шок за декември. На повеќе места тие упорно ќе надминуваат 10 степени, додека во југоисточните предели живата може да скокне и до околу 15 степени. Ова значи само едно: невообичаено високите температури за овој период од годината продолжуваат да го одбележуваат целиот работен и празничен дел од седмицата.

Меѓутоа, оваа стабилна доминација се чини дека ќе биде прекината кон крајот на седмицата. Во сабота, на 20 декември, се очекува позначителна облачност и појава на повремен локален дожд. Подгответе се за мала промена на плановите за викендот.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг