Connect with us

Македонија

Ременски за пушењето: Треба да се престане труењето со голи жалби дека не може да се стави зимница заради зејтинот од 150 денари

Published

on

Фејсбук статус на Фросина Ременски за зимницата и зејтинот ви го пренесуваме во целост:

?1️⃣ литар зејтин по цена од 130 до 140 денари.
?1️⃣ кутија цигари по цена од 100 до 180 денари + електронски цигари + тутун.

Проста математика:

? 15 кутии цигари од 100 денари за 1️⃣ пушач за 30 дена = 1500 денари.
? 1500 денари : 150 денари за 1 литро зејтин = 10 шишиња за 30 дена за цело семејство.

Може и ваква математика:

?15 кутии цигари по цена од 100 денари за 1️⃣ пушач за 30 дена = 1500 денари.
? 1500 денари = 3 вреќи пелети од 15 кг за дводневно греење на куќа/стан од 70 м2.
? 1500 денари = 1/3 од кубик огревно дрво за 15 дена греење.

Кој пуши нека си пуши, но мислам дека треба да престане труењето со голи жалби дека не може да се стави зимница заради зејтинот од 150 денари, а притоа ретко кој пушач сака да размисли од што навистина може да се заштеди и да си го сочува здравјето.

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=pfbid02GXhWX1KFP2i9zEogtzXQ5NnQV1aAEjBMvmLgdZGNXFJFa9hZwjWCK7jC7BsxzTjl&id=100044333714272

Македонија

ОГРАБЕНО КАЗИНО ВО ЧАИР Разбојникот одзел 1,46 милиони денари

Published

on

Вчера е ограбено казино на подрачјето на општина Чаир, соопшти полицијата.

Како што е соопштено вооружен маж му се заканил на вработен во казиното и одзел 1.460.856 денари (23.715 евра).

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Continue Reading

Македонија

СЛЕДНАТА НЕДЕЛА ТЕМПЕРАТУРИ И ДО 25 СТЕПЕНИ Но, времето ќе биде променливо и нестабилно

Published

on

Во текот на следната седмица, нашата територија ќе се наоѓа под влијание на топла воздушна маса од југ и истата ќе услови релативно високи пролетни температури на воздухот, и тие речиси насекаде ќе надминуваат 15 степени, понекаде тие ќе се искачат  и до околу 20 степени, додека во Повардарието и во југоисточните предели тие ќе се искачат до 25 степени.

Деталната прогноза на метеопрогнозерот Славчо Поповски на следниот ЛИНК.

Continue Reading

Македонија

Маж и жена краделе од гробот на Ѓорѓи Ѓорѓиев – тапанар од групата ДНК

Published

on

На социјалните мрежи објавени се две лица, маж и жена кои краделе на гробот на починатиот Ѓорѓи Ѓорѓиев, тапанар од групата ДНК.

Како бе вака? Каде бе вака? Имате ли свест, совест, имате ли жал и сочувство? Малку ли им беше тагата на Ѓоргиеви, па на огнот да се дотура бензин? Два дена по ред машко и женско лице крадат од гробот на Ѓорѓи. Украдени се ангелчиња украси, цвеќињата, ја украле водата па дури и метлата…

Оставете ги луѓето достоинствено да тагуваат по чедото. Срамота, голема срамота…до таму стигнала работата да се нема грам човечност веќе!

Лицата се откриени од СВР-Струмица.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк