Состојбава со кучињата во Скопје е загрижувачка – Скопјанка со велосипед одела кон работа, ја нападнало куче, со ТЕШКИ повреди завршила во болница

 На 12.10.2022 околу 13.45 во Полициската станица Центар било пријавено дека во Градската општа болница „8 Септември“ со тешки телесни повреди била донесена В.Д.(56) од Скопје.

Според пријавеното, околу 07.50 часот, додека управувала велосипед кон работното место, на подрачјето на Центар била нападната од куче скитник, по што паднала и се здобила со повреди. Полициски службеници излегле на местото на настанот.

На социјалните мрежи секојдневно граѓаните на Скопје се жалат од напади од кучиња низ главниот град.

Последниот пост беше на професорката Виолета Ачкоска.