Огромна трагедија во Турција: Над 40 загинати по експлозија во рудник (Фото)

Најмалку 40 рудари загинаа при експлозија во рудник во Турција, а се стравува дека овој број ќе се зголемува. Во тек е спасувачка операција, но локалните медиуми јавуваат дека пожарот се уште не е изгасен и со тоа се отежнува и спасувањето на преживеаните и заробени во рудникот.

Експлозијата се случила на 300 метри под земја, во рудник за јаглен во црноморската крајбрежна провинција Бартин, вчера во 18 часот и 15 минути по локално време.

На местото на несреќата стигна и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган…

Властите соопштија дека околу 110 луѓе работеле под земја за време на експлозијата. Турскиот министерот за внатрешни изјави дека спасени се 58 рудари.

Во акциите за пронаоѓање и спасување учествуваат преку 150 лица, а на терен се и волонтери на Црвената полумесечина, кои им помагаат на спасувачките екипи и на семејствата на исчезнатите.

Засега се уште не е јасна точната причина за експлозијата, но властите соопштија дека првите индиции се дека таа била предизвикана од гас кој се создава во рудниците за јаглен.

Најголемата турска опозициска партија обвини дека властите игнорирале извештај на Ревизорската служба од 2019 година, со укажувања за опасност од експлозија токму во овој рудник.