Connect with us

Скопје

ПАРНОТО за СКОПЈАНИ траеше само ТРИ СААТИ

Владата најави дека од 15 октомври скопјани ќе имаат парно греење но, од најавата малку се случи. Поточно, греење имаше само три шаса вод енот, и тоа не насекаде каде што има инсталација.

Најголем дел од Скопјани денеска добија парно греење, но само 3 часа. Топлинската енергија била исклучена по 9 часот, бидејќи потребната температура од 12 степени била достигната – вели првиот човек на ЕСМ, Васко Ковачевски.

Дел од граѓаните од населбите Железара, Кисела Вода и Карпош утринава се пожалија дека немале греење или на млаки радијатори. 85 згради во главниот град останаа незатоплени – потврдуваат од ЕСМ. Директорот Ковачевски вели дека станарите самите биле виновни – или немале струја во потстаниците или пак не ги направиле потребните подготовки навреме.

– „Не е точно дека има повеќе граѓани, бидејќи ќе имаше реакции од граѓаните. Можно е самата станбена заедница да не била доволно подготвена да ја прими топлинската енергија во делот на топлинските пумпи, во делот на потстаниците, во делот на електричната енергија и во делот на поправка на системот. Значи ако во радијаторите претходно постоел воздух, оној воздух којшто треба да се испушти, не може топлината да го истисне воздухот. Значи самите заедници, самите граѓани мора да се подготват за да ја примат топлинската енергија“ – вели Васко Ковачевски – директор на АД ЕСМ.

ЕСМ засега обезбеди гас за работа на скопските топлани за само две седмици, односно до први ноември. Со приватникот ТЕ-ТО се уште нема договор и неизвесно е дали и кога ќе се вклучи во системот на топлинска енергија. Ковачевски вели дека поради нестабилните цени на гасот на светскиот пазар ќе набавуваат месец за месец, а истовремено преговарале за купување гас за до крајот на грејната сезона.

– „Да направиме кратки интервали на набавка на природен гас, затоа што цените на гасот на берзите и фиксните цени што се даваатсе во опаѓачки тренд. Имаат надолна линија и тоа значи дека ние после 20-ти, 25-ти октомври ќе се обидеме да набавиме енергенси за ноември месец, но исто така сме во разговори да набавиме 6-месечна испорака на природен гас со фиксна цена која ќе биде пониска од сегашната“ – рече Васко Ковачевски – директор на АД ЕСМ.

– „Цената по која ние сме го набавиле природниот гас за овие две недели е повисока од она што го имаме сега како понуда за месец ноември“ – вели Крешник Бектеши – министер за економија.

Ако на светскиот пазар нема гас или не може да се купи по поволни цени, топланите во Скопје ќе работат на дизел кој во моментов е прескап. Ковачевски се одлучил за таа опција бидејќи мазутот многу загадувал. Инаку 500 потрошувачи приклучени на Скопје Север исто така немаат парно, бидејќи компанијата во стечај има неподмирени долгови кон ЕСМ и од таму нема иницијатива да се најде начин да работи зимава. И покрај тоа што се растрчаа во „5 до 12“ да бараат ефтин гас, сега надлежните уверуваат дека Македонија не зависи од околните држави и дека парно греење ќе има во текот на цела грејна сезона.

Скопје

Николоски: Карпош добива нов урбан лик со реконструкција на над 15 улици

Преку петнаесетина улици ќе се реконструираат во општина Карпош со подршка на Владата. Општината полека ќе го смени урбаниот лик и ќе се развива, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски при денешната посета на општина Карпош.

Николоски заедно со градоначалникот Сотир Лукровски извршија увид во реконструкција на ул. Јуриј Гагарин, проект кој се реализира со подршка на Министерството за транспорт, а во заедничка соработка со општината.

“ Ова беше заглавен проект, ова беше проект без разлика што имавме обезбедено средства, не можевме да го реализираме. Откако беше избран за градоначалник, заедно со службите во општината, успееја да ги решат сите предизвици на овој проект, да се решат проблемите и еве веќе се гради и ако се оди добро и не послужи времето до Нова година може да се заврши оваа улица, паркингот зад зградите и да се добие нов урбан лик на овој простор. Сакам да најавам дека дополнително на ова имаме уште еден проект кој се реализира со Светска банка во вредност од над 13 милиони денари, тоа е улицата Петар Чаулев, целосна реконструкција околу 600 метри што дополнително се надевам ќе допринесе за урбаниот развој на општината. На тоа додаваме уште дванаесетина проекти кои што ги резлизираме преку вториот повик на Владата и севкупно имаме значајни проекти за општина Карпош. Тука е и подршката на Владата, мојата лична подршка за дополнителни работи кои треба да ги направиме во Карпош. Со изборот на новиот градоначалник, со неговата напорна работа се гледаат промените и навистина сите имаме желба да помогнеме и да се случуваат убави работи во општина Карпош”-изјави вицепремиерот Николоски.

Continue Reading

Скопје

Прекин на електрична енергија денеска во Горно Нерези, Глуво и Мирковци

Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) информира, повикувајќи се на известување од ЕВН Македонија, дека денес од 9:00 до 15:00 часот ќе има прекин во снабдувањето со електрична енергија за корисниците од неколку населени места.

Прекинот ги опфаќа корисниците од селото Горно Нерези и корисниците од селата Глуво и Мирковци.

Станува збор за планиран прекин, а корисниците се повикуваат на трпение до завршувањето на работите.

Continue Reading

Скопје

Жителите на одредени делови од Аеродром денес без вода

voda

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје информираше за привремен прекин во водоснабдувањето за дел од корисниците лоцирани на булеварот „АСНОМ“, во населбата Аеродром.

Прекинот, кој започна вечерва во 18:45 часот, е предизвикан од уличен водоводен дефект на цевка со дијаметар Ф100 мм, конкретно кај број 74 на булеварот.

Погодени корисници ќе бидат корисниците лоцирани на булевар „АСНОМ“ од број 70 до број 116.

Екипите на ЈП „Водовод и канализација“ се на терен и работат на отстранување на дефектот. Водоснабдувањето ќе биде нормализирано веднаш по завршувањето на работните активности, за што јавноста ќе биде дополнително известена.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг