Connect with us

Македонија

Брисел не искара дека НЕ ГИ СПРОВЕДУВАМЕ МЕРКИТЕ ПРОТИВ РУСИЈА

Published

on

Европската унија во својот извештај за Македонија вели дека мерките за санкции кон Русија сме ги донеле, и за нив тоа е во ред, но – дека тие не се спроведуваат со што, имплицитно, се доведува во сомневање прозапдната ориентација на актуелната власт од страна на ЕУ.

Во извештајот се вели дека во овој дел има напредок, но дека земјата продолжува да не ги спроведува рестриктивните мерки кон Русија усвоени од ЕУ во март.

Во извештајот не се наведува прецизно за кои мерки се работи но јасно се наведува дека Македонија не ги спроведува со што практично Брисел ја оценува владата недоволно активна своите одлуки да ги спроведе во пракса.

Свои ингеренции за надворешната политика и спроведување на европските мерки или санции кон Русија имаат претседателот Пендаровски, премиерот Ковачевски и министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Македонија

Девет пациенти од пожарот во Кочани заминуваат на домашно лекување, за 15 третманот продолжува

Published

on

Во државава вкупно се лекуваат 24 пациенти, од кои во Клинички центар 7 пациенти, во старата Градска болница 6 пациенти, 8 во „8-ми Септември“, додека во приватните клиники се 3 пациенти

Денес ќе бидат испишани 9 пациенти, кои се во стабилна добра состојба и може да продолжат со домашно лекување. Утре ќе останат 15 пациенти од кои ќе видиме дали ќе има за испис. Вчера се вратија 5 пациенти кои се лекуваа надвор од државата, еден од Грција и 4 од Шпанија. Вкупно надвор од државата се лекуваат 108 пациенти. Денес е најавено враќање на 8 пациенти, по двајца од Белгија, Австрија, Турција и Хрватска. Имаме најави за повеќе пациенти кои следните денови ќе се враќаат, изјави на денешната прес конференција министерот за здравство Арбен Таравари.

Според министерот, сите пациенти се во добра стабилна состојба, освен 4 пациенти кои беа критични и сеуште се.

Во државава вкупно се лекуваат 24 пациенти, од кои во Клинички центар 7 пациенти, во старата Градска болница 6 пациенти, 8 во „8-ми Септември“, додека во приватните клиники се 3 пациенти

Во поглед на лекувањето на пациентите во Кочанската болница беше потенцирано дека во истата фалат кадри и материјали, но се формираат тимови и ќе се набави се што е потребно за поддршка на пациентите кои се во полесна состојба, да можат да им се прават преврски во Кочани за да не патуваат до Скопје.

Continue Reading

Македонија

27-годишна жена повредена во сообраќајна несреќа, едниот возач побегнал

Published

on

27-годишна жена е повредена во сообраќајката што вчеравечер се случи на една од скопските улици.

– На 25.03.2025 во 19.20 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на ул.„Јустинијан Први“ во Скопје, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „опел“ со германски национални ознаки, управувано од Ј.С.(30) од село Долно Количани, скопско, и патничко возило „ауди а4“ со скопски регистарски ознаки, кое по незгодата го напуштило местото на настанот. Во незгодата со телесни повреди се здобила сопатничката од патничкото возило „опел“ С.К.(27) од с.Количани, скопско, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, информираа од полицијата во днесвниот билтен.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Continue Reading

Македонија

Случајот го пријавил нејзината мајка: Жртвата на насилникот од Радовиш не сакала да поднесе предлог за гонење, рекла дека снимката е од лани

Published

on

Во врска со видео записот кој беше споделен на социјалните мрежи, а во кој се гледа како машко лице насилно се однесува кон женско лице, МВР ја известува јавноста дека СВР Струмица ги презеде сите службени дејствија кои се во надлежност на полицијата, поврзани со конкретниот случај, и насилникот е лишен од слобода.

Имено, настанот во СВР Струмица беше пријавен на 23.03.2025 (недела) во 08.25 часот од страна на мајката на жртвата. Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш. Утврдено е дека машкото лице е А.А.(35) од Радовиш, кој истиот ден во 09.20 часот е лишен од слобода и задржан во Полициската станица Радовиш. Исто така, бил извршен службен разговор и со нападнатата жена, во присуство на социјален работник од Јавна установа Меѓуопштински центар за социјални работи Радовиш, при што таа кажала дека видео записот е од јули 2024 година.

Бидејќи во конкретниот случај постои сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“ по член 130 став 2 во врска став 1 од Кривичниот закон, каде во став 5 од истиот член стои дека гонењето се презема по поднесување на предлог за гонење, од жртвата било изјавено дека не сака да поднесе предлог и дека видеото било доставено од нејзината мајка.

За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш, по чии насоки биле преземени и понатамошните мерки. Врз основа на преземените мерки, од страна на ОВР Радовиш до Основното јавно обвинителство Радовиш на 25.03.2025 е поднесена кривична пријава против А.А. поради постоење на сомнение дека сторил кривично дело „телесна повреда“ по член 130 став 2, а во врска став 1 од Кривичниот закон. Продолжуваат да се преземаат дејствија за целосно испитување на настанот.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк