Брисел не искара дека НЕ ГИ СПРОВЕДУВАМЕ МЕРКИТЕ ПРОТИВ РУСИЈА

Европската унија во својот извештај за Македонија вели дека мерките за санкции кон Русија сме ги донеле, и за нив тоа е во ред, но – дека тие не се спроведуваат со што, имплицитно, се доведува во сомневање прозапдната ориентација на актуелната власт од страна на ЕУ.

Во извештајот се вели дека во овој дел има напредок, но дека земјата продолжува да не ги спроведува рестриктивните мерки кон Русија усвоени од ЕУ во март.

Во извештајот не се наведува прецизно за кои мерки се работи но јасно се наведува дека Македонија не ги спроведува со што практично Брисел ја оценува владата недоволно активна своите одлуки да ги спроведе во пракса.

Свои ингеренции за надворешната политика и спроведување на европските мерки или санции кон Русија имаат претседателот Пендаровски, премиерот Ковачевски и министерот за надворешни работи Бујар Османи.