Македонски средношколци направија робот за 8 дена – Добија бронза на светскиот натпревар по роботика!

Од 13 до 16 октомври во Женева се одржа шестото издание на светскиот натпревар по роботика за средношколци „FIRST Global Challenge“.

Овогодинешната тема на натпреварот беше решавање на проблемот со зголеменото ниво на јаглерод диоксид во атмосферата со помош на STEM.

Оваа година Македонија по втор пат патуваше за FIRST и имаше можност да учествува во натпреварот и постигна многу добар резултат, си доаѓаат дома со бронза добиена во финалните игри со алијансите.

Робот кој се прави со месеци, овие деца го направија за 8 дена.

Тимот на Република Македонија го сочинуваат 5 средношколци (Виктор Ванчов, Јаков Спировски, Горијан Стаматовски, Горазд Петковски и Горјан Анѓушев) предводени од два ментори (Алма Кецап – официјален претставник на FIRST во Македонија и Ален Куљеван – технички ментор).

Да се биде трето место од 180 држави во светот е голем успех за државата, и поттик за идните млади генерации за интерес околу роботиката и STEM едукацијата.