Connect with us

Свет

Руските војници пијаат вијагра за да силуваат низ Украина, тврди претставник на ОН

Published

on

Претставничката на ОН вели дека жените биле притворени со денови и дека руските војници силувале момчиња и мажи и им ги осакатувале гениталиите

Од почетокот на војната, во Украина се потврдени повеќе од сто случаи на сексуални напади. Од ОН велат дека оваа бројка не е ни приближно реална бидејќи многу сексуални напади не се ни пријавени.

Претставничката на ОН, Прамила Патен, вели дека жените биле притворени со денови и дека руските војници силувале момчиња и мажи и им ги осакатувале гениталиите.

Жените сведочат за војниците кои се снабдуваат со вијагра, па Патен верува дека тоа е јасен знак на руската стратегија. Таа работи во единица за сексуално насилство во области зафатени од војна и зборува за ужасните детали од воените злосторства во Украина.

Пред неа, друг претставник на ОН рече дека руски војници земаат вијагра за да силуваат Украинки. Веста ја пренесе Business Insider.

„Тоа е тактика да се обезличи жртвата, тоа може да се види од сведочењето на жените кои поминале низ тоа. ОН потврдија повеќе од сто случаи на сексуални напади во Украина откако Русија ја нападна таа земја во февруари оваа година“,вели тој.

„Тоа е тактика да се обезличи жртвата, тоа може да се види од сведочењето на жените кои поминале низ тоа. ОН потврдија повеќе од сто случаи на сексуални напади во Украина откако Русија ја нападна таа земја во февруари оваа година“,вели тој.

Свет

ШЛАКАНИЦА ЗА АСАД, АСМА ЗАМИНУВА ЗА ЛОНДОН? Сопругата на сирискиот екс-претседател доставила барање до руските судови

Published

on

Асма побарала посебна дозвола од руските судови да ја напушти Москва, се вели во статијата. Тоа може да биде проблем бидејќи руските власти му забранија излез на Асад од Москва, а го замрзнаа и неговиот пристап до имот и финансиски ресурси. 

Сопругата на поранешнит сириски претседател Башар ал Асад размислува да се разведе од него и да се врати во Лондон, јавува Си-Ен-Ен Турк. Асма не е задоволна од условите за престој во Москва каде што семејството побегна откако бунтовниците ја презедоа власта во Сирија.

Асма побарала посебна дозвола од руските судови да ја напушти Москва, се вели во статијата. Тоа може да биде проблем бидејќи руските власти му забранија излез на Асад од Москва, а го замрзнаа и неговиот пристап до имот и финансиски ресурси. Постапката е во тек.

Асма има британско државјанство бидејќи е родена во Западен Лондон, а таму живеат нејзините родители. Асма се запознала со Асад во Лондон додека тој специјализирал офталмологија. Се омажила за него само неколку месеци откако тој го наследи татко си како претседател на Сирија. Нивните два сина и ќерка се веќе возрасни.

Асма се школувала во приватно училиште, студирала компјутерски науки на престижниот Кралски колеџ во Лондон, а подоцна станала инвестициски банкар.

Нејзиниот татко е кардиолог, а нејзината мајка работела во сириската амбасада во Лондон.

Continue Reading

Свет

Трамп најави помилување за осудените за нападот од 6 јануари

Published

on

Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, во новото интервју изјави дека има намера да дејствува на првиот ден за да помилува лица вклучени во нападот на Капитол на 6 јануари 2021 година, вклучително и оние кои се изјаснија за виновни.

„Ќе дејствувам многу брзо. Ден прв“, рече Трамп на Кристен Велкер на „Запознајте го печатот“ во неговото прво големо интервју по освојувањето на вториот мандат.

Запрашан за оние кои признале дека нападнале полицајци, Трамп рече дека „немале избор“ и сугерираше дека стотици други кои се изјасниле за виновни за други злосторства се жртви на „многу корумпиран систем“, пишува The Hill.

Continue Reading

Свет

Сијарто апелира на меѓународна акција против прогонот на христијаните на Блиски Исток

Published

on

Шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто вчера изјави дека меѓународната заедница мора да преземе акција против прогонот на христијаните на Блиски Исток со оглед на влошената ситуација во Либан и во Сирија.

Тој, на прес-конференција по вчерашниот состанок на министрите за надворешни работи на НАТО во Брисел, истакна дека кризата на Блиски Исток била прва точка на дневниот ред на средбата, со оглед на опасната ситуација во регионот, што претставува закана за безбедноста, не само во Европа, туку и во целиот свет.

-Унгарија продолжува да ги поддржува христијанските заедници во Либан и ги одржуваме нашите програми за обнова на христијанските цркви, помош на христијанските заедници и функционирање на христијанските институции, посочи Сијарто.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк