Connect with us

Скопје

Студентскиот дом „Стив Наумов“ 10 дена е без топла вода

Десет дена нема топла вода во Студентскиот дом „Стив Наумов“-Скопје, зграда-3. Студентската година веќе е започната, домовите се полни со студенти, а во Стив Наумов се уште нема топла  вода.

Студентите револтирани ги преплавија социјалните мрежи со апели. Студентите не сакаа да зборуваат пред камерите, но зад камерата за ТВ 24, информираа дека веќе десетина дена немаат топла вода, па тие одат во студентскиот дом „Гоце Делчев“ каде ги извршуваат своите основни потреби. 

Директорот на државниот Студентски дом-Скопје, Виктор Велевски, за ТВ 24 вели дека информиран е за проблемот и уверува дека во текот на денешниот ден проблемот ќе биде решен. 

– Во моментот се работи на санирање на проблемот со топла вода во студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје -зграда 3. Се работи за дефект на греачи на главниот систем за загревање на топла вода, очекувам во текот на денот проблемот да биде решен. – изјави Велевски.

Студентите замолуваат и се надеваат на поскоро решавање на овој проблем. Тие бурно реагираа по ова прашање, информациите првенствено беа објавени на инстаграм профилот Студентарија мк реагирајќи дека студентскиот дом е како во камено доба со тоа што веќе десет дена нема топла вода.

Скопје

Скопската железничка станица се враќа во живот по две децении

Еден од приоритетите на новата влада е вложувањето во инфраструктурата, вклучително и железничкиот сообраќај, како товарен така и патнички. Покрај набавката на нови локомотиви и вагони, значајна инвестиција е обновата на железничката станица во Скопје, која ќе ја врати својата функција од пред 15-20 години, кога објектот се руинираше и стана нефункционален.

Почна чистењето и средувањето на станицата, информираше директорот на Железница Инфраструктура, Синиша Ивановски. „Со цел враќање на автентичниот изглед на станицата, започнавме со отстранување на сите билборди, светлосни реклами и други информативни панели кои години наназад го нарушуваа изгледот на објектот“, напиша Ивановски на својата Фејсбук страница и им се заблагодари на компаниите кои се согласиле да ги тргнат билбордите.

Проектот ќе се реализира во фази и ќе заврши со генерално чистење на надворешниот изглед на станицата и поставување соодветна илуминација.

Continue Reading

Скопје

Започна редизајнот на железничката станица во Скопје

Скопје – Почна чистењето и средувањето на железничката станица во Скопје, информираше директорот на Железница Инфраструктура, Синиша Ивановски.

„Со цел враќање на автентичниот изглед на станицата, започнавме со отстранување на сите билборди, светлосни реклами и други информативни панели кои години наназад го нарушуваа изгледот на објектот“, напиша Ивановски на својата Фејсбук страница. Тој им се заблагодари на компаниите кои се согласиле да ги тргнат билбордите.

Проектот ќе се одвива во фази и ќе заврши со генерално чистење на надворешниот изглед на станицата и поставување соодветна илуминација, посочи директорот.

Continue Reading

Скопје

Голем дефект на „Крсте Мисирков“ – утре без вода клучни институции и делови од центарот на Скопје

voda

Утре од 7 часот наутро значаен дел од централното градско подрачје ќе остане без вода поради дефект на водоводната линија на булевар „Крсте Мисирков“, соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.

Прекинот ќе ги опфати објектите на МАНУ, Основен суд 2, Младинскиот културен центар, Универзитетската библиотека „Св. Климент Охридски“, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, трговскиот центар „Мавровка“, делови од Старата скопска чаршија, Саат-кулата, улицата „Отокар Кершовани“, Адвокатската улица и дел од булевар „Крсте Мисирков“.

Од претпријатието информираат дека екипите ќе работат интензивно на терен и дека водоснабдувањето ќе биде вратено веднаш по отстранување на дефектот.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг