(Видео) Ја запросил девојката среде натпревар, таа станала и побегнала од трибините

За време на натпреварот помеѓу Њујорк Ајлендерс и Флорида Пантерс во четвртокот вечерта, еден навивач ја соблекол маицата и ја запросил својата девојка.

На неговите гради било испишано: „Те молам кажи да“.

Девојката му пришла, го фатила за раце и потоа истрчала од трибината.

На социјалните мрежи се објавени неколку снимки од запросувањето, а фотографија од парот е споделена и на официјалната страница на Њујорк Ајлендерс, на чии трибини се одвивало запросувањето.

„Кажа да или не?“, прашале од клубот на Твитер со порака дека мораат да знаат.

Додека луѓето на социјалните мрежи мислат дека целото запросување било инсценирано, неколку очевидци се јавиле да потврдат дека реакцијата била искрена.

„Го соблече дресот и рече „те молам кажи да“. Таа беше во шок, ја слушнав како кажува што се случува и дека не може да го направи тоа. Тој само рече „је*и га“. Сите снимаа, а публиката полуде. Таа само си замина од трибината“, раскажал еден од навивачите кои се нашле во близина.