Connect with us

Македонија

Бугарија не дозволи отворање на македонски клуб во Благоевград

Published

on

Бугарија го забрани отворањето на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград. Нашиот град нема да биде центар за слични пропагандни провокации, се вели во декларацијата изгласана од Советот на Благоевград.

Советникот Кирил Илиев од ГЕРБ изјави дека со оваа декларација им порачуваат на „македонистите“ дека не се добредојдени во градот.

Во реакцијата на Јована Мојсоска од Левица се вели дека на Бугарија ѝ пречи Вапцаров кој бил поетски великан и социјалист, стрелан од фашистичката влада, а не ѝ пречи да да ги глорифицира фашистичките кр вници Ванчо Михајлов. Анти-македонската политика на Бугарија е сведена на анти-социјализам, објави Мојсоска на социјалните мрежи.

Отворањето на клубот беше закажано за 30 октомври. Пред неколку дена од написот на македонскиот културен клуб беше извадена буквата „М“.

Македонија

Во Скопје нема ниту еден ноќен клуб – кабаре со лиценца за работа (ДОКУМЕНТ)

Published

on

Според регистарот на Министерството за економија, во Скопје не постои ниту еден ноќен клуб – кабаре со лиценца за работа. Во овој регистар се објавени сите локали кои добиле дозвола за работа во текот на ланската година.

Премиерот Мицкоски истакна дека вкупно 12 локали имаат лиценца, но ниту еден од нив не се наоѓа на територијата на главниот град. Најмногу лиценцирани ноќни клубови и кабареа има во Битола – вкупно три.

Следува Охрид со две дозволи, додека по една дозвола имаат Штип, Делчево, Неготино, Кичево, Прилеп, Виница и Гевгелија.

Дополнително, не се регистрирани ноќни клубови – кабареа во Тетово, Струга, Гостивар, Струмица, Куманово и Кочани.

Continue Reading

Македонија

ВИДЕО: Крешник Бектеши приведен и заклучен во Марица – го носат на суд

Published

on

По напуштањето на полициската станица Карпош, екс-министрот за економија, Крешник Бектеши, беше изведен со лисици, придружуван од неколку полициски службеници.

Тој беше ставен во полициско комбе кое ќе го транспортира до Кочани, каде ќе треба да даде исказ пред судија на претходна постапка.

Како и за другите осомничени во случајот со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, и за Бектеши се бара краткотраен притвор.

Continue Reading

Македонија

За во вторник најавен протест во Скопје по пожарот во Кочани

Published

on

На социјалните мрежи е објавен повик за протест по пожарот во Кочани, што ќе се одржи во Скопје.

Според објавата, протестот е насловен „Кој е седен“, а ќе се одржи на плоштадот „Македонија“, со почеток во 18 часот.

Протести денеска се одржаа во Кочани и во Штип.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк