Бугарија не дозволи отворање на македонски клуб во Благоевград

Бугарија го забрани отворањето на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград. Нашиот град нема да биде центар за слични пропагандни провокации, се вели во декларацијата изгласана од Советот на Благоевград.

Советникот Кирил Илиев од ГЕРБ изјави дека со оваа декларација им порачуваат на „македонистите“ дека не се добредојдени во градот.

Во реакцијата на Јована Мојсоска од Левица се вели дека на Бугарија ѝ пречи Вапцаров кој бил поетски великан и социјалист, стрелан од фашистичката влада, а не ѝ пречи да да ги глорифицира фашистичките кр вници Ванчо Михајлов. Анти-македонската политика на Бугарија е сведена на анти-социјализам, објави Мојсоска на социјалните мрежи.

Отворањето на клубот беше закажано за 30 октомври. Пред неколку дена од написот на македонскиот културен клуб беше извадена буквата „М“.