Исфрлен од популарен ресторан: Овој водител е „најлошиот гостин“ во историјата- еве што направил

Телевизискиот водител Џејмс Корден (44) бил исфрлен од популарниот ресторан „Балтазар“ во Њујорк, објави Кит Мекнали, сопственикот на гостилницата. Тој за популарниот Британец, кој неколку години работи во САД, рече дека всушност бил најнеподносливиот гостин во 25-годишната историја на таа гостилница.

„Џејмс Корден е многу талентиран комичар, но е мало кретенско човече. И тој е гостинот кој најмногу ги навредувал моите вработени во ‘Балтазар’ откако ресторанот беше отворен пред 25 години. Ретко исфрлам гостин, но денес го избркав Корден и тоа не е воопшто смешно… Слично се однесуваше пред неколку години и во мојот друг ресторан, ‘Кафе Луксембург’,“ вели Мекнали во објавата на Инстаграм.

Угостителот натаму во ситници раскажува како водителот-комичар ги понижувал келнерите и готвачите во рестораните.