Сите очи денеска во на Груби розевите чорапи (Фото)

Првиот вицепремиер Артан Груби денес се сретна со амбасадарот на Албанија, Река. Она што остави впечаток е изборот на бојата на чорапите на Груби.

Пинк  чорапите ги искомбинира со темно сино оддело и црни чевли. На прашањето зошто ваков избор Груби за Репортер ни рече:„ Владата денес за прв пат со одржување на тематската седница се вклучи во кампањата за одбележување на меѓународниот месец на борба против ракот на дојка и подигнување на општествената свест за посериозна перцепција на оваа болест.  По тој повод, денес носев пинк, розеви чорапи и розева машна“.

Не е првпат Груби да облече впечатлива боја на чорапи кои најчесто ги комбинира или со бојата на маицата или со вртоврската.