Лидерот на Чеченија, Рамзан Кадиров, на својот Телеграм канал објави дека неговите тројца малолетни синови Ахмат, Ели и Адам го посетиле Мариупол. како доказ за нивното присутво во Мариупол, момчињата вооружени до заби позираат пред камерите во градот.
Според Кадиров, во Доњецк пристигнала и неговата ќерка, Ајшат Кадирова, која ја предводела работната посета на чеченската делегација на Донбас.
#Kadyrov's children and relatives arrived in occupied #Mariupol. pic.twitter.com/emrU550OjC
— NEXTA (@nexta_tv) October 19, 2022
Малолетноста не треба да биде пречка за обуката на бранителите на нашата татковина. Внуците на првиот претседател на Чеченската Република, херојот на Русија, Ахмат-Хаџи Кадиров, Ахмат, Ели и Адам имаат 16, 15 и 14 години. Но, нивната воената обука почна многу одамна, скоро од мали нозе. Не е доволно само да знаеш да пукаш. Тие учат како да ракуваат со разни оружја, како да ги користат на секоја далечина, а учат и теоретска основа. Отсекогаш верував дека главна цел на секој татко е да всади побожност кај своите синови и да ги научи да го штитат семејството, народот, татковината. Ако сакате мир, подгответе се за војна! – вели Кадиров на Телеграм.
