Connect with us

Македонија

За ДОЛГ од 530.000 должникот враќа 3,5 милиони денари, – ЗИБЕРИ побара КАМАТАTA ДА НЕ СМЕЕ ДА БИДЕ ПОВИСОКА ОД ГЛАВНИЦАТА

Published

on

На граѓани – должници, најчесто за струја, вода, парно, смет, телефонија, извршителите им земаат и по третина од платите или пензиите, зашто законот им пресметува и казнени камати. Така, главниот долг низ годините само се дуплира, триплира, за на крајот да стане десеткратно поголем од тоа што бил, со што многу граѓани ги втерува во должничко ропство.

Затоа Народниот правобранител денеска до Владата поднесе иницијатива за законски измени со кои казнената камата престанува да тече кога сумата на втасаните, а неисплатени камати, ќе ја достигнат главницата.

Граѓанин кој во 2011 година должел 531.932 денари, а со казнените камати, на крајот треба да врати вкупно 3,5 милиони денари.

„Извршувањето на долгот започнува во 2011 година. За наплата на главен долг од 531.932 денари (во овој случај треба да се наплати камата од 1997 година) до март 2022 година кога странката се обратила кај Народниот правобранител, извршителот не известил дека за 11 години наплатени се 2.017.955, 00 денари, од кои само на име на камата 1.506.111. За целосна исплата на долгот останува да се платат уште 1.424 301 денари, сума од која на име камата е 835,.71 денар“, кажа на денешниот прес Народниот правобранител Насер Зибери.

На друг граѓанин чие извршување на долгот почнало во 2013 година, а треба патем да му се наплати камата од 2010 година, банката му задржува третина од пензијата.

„Главниот долг изнесува 371.367 денари до 2022 година, кога странката се обратила кај Народниот правобранител. За девет години наплатени се 885.138 денари, од кои 783.628 се на име камата на главен долг. За наплата остануваат уште 433.604 денари ( со тоа што каматата сѐ уште тече)“, редеше примери Зибери.

Тој како овластен предлагач, до Владата поднел иницијатива за изготвување предлог за дополнување на одредбите од Законот за облигационите односи и од Законот за извршување, со која бара во постапката на извршување од должникот да не може да се наплати камата, која би била поголема од главниот долг, односно кога каматата ќе го достигне износот на главниот долг, да престане да тече!

Измената во Законот за извршување би гласела: „Кога сумата на втасаните, а неисплатени камати, ќе ја достигнат главницата, извршителот во постапката на извршување, престанува да пресметува и наплатува камата и законска казнена камата!“

За тие граѓани за кои тече извршувањето, правобранителот бара законските измени што ги предлага, како поповолни, да се применуваат и на нивните постапки.

„За преземените мерки и дејства по повод оваа Иницијатива, потребно е да го известите Народниот правобранител, најдоцна во рок од 30 дена“, ѝ пиша Зибери на Владата.

Во канцеларијата на Народниот правобранител со години, половина или четвртина од вкупниот број претставки од областа правосудство, се однесуваат за заштита на правата на граѓаните во постапките пред извршителите. Притоа, најчести причини поради кои граѓаните бараат интервенција од Народниот правобранител се следните:

1. не биле информирани за иницирањето на постапките за извршување, за висината на долгот и за износот на пресметаните камати и трошоци,

2. за одземање на средства кои според Законот за извршување, се изземени (како што се паричните примања по основ на: социјална помош, привремена невработеност, социјална сигурност на стари лица, детски додаток, хуманитарна помош, стипендии и слично) или ограничени од извршување (повеќе од 1/3 од плата или пензија),

3. за неправилности во доставата на тужбите и налозите за извршување и

4. за блокирањето на трансакциските сметки во банките.

Македонија

Гужви на граница: Македонците масовно патуваат за 1 Мај

Published

on

Зголемена гужва е забележана на граничните премини „Табановце“ кон Србија и „Богородица“ кон Грција поради неработниот ден за 1 Мај. Времето на чекање за излез од државата достигнува околу половина час. Од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) апелираат возачите да возат внимателно и да ја почитуваат сообраќајната сигнализација.

Зголемена гужва на „Табановце“ и „Богородица“

Од утрово, на граничните премини „Табановце“ и „Богородица“ е забележана зголемена фреквенција на возила. Колони возила чекаат за излез од државата. Времето на чекање е околу 30 минути.

„На ‘Табановце’ и ‘Богородица’ има зголемена фреквенција на возила. Чекањето за излез трае околу половина час“, соопштија од АМСМ.

Причината за зголемената гужва е неработниот ден за 1 Мај.

Состојба на граничните премини

На веб-страницата на ЈП „Државни патишта“ може да се следи состојбата на граничните премини. Камерите на „Богородица“ покажуваат долги колони возила за излез кон Грција.

„Камерите на ‘Богородица’ покажуваат колони возила за излез од државата“, изјавија од ЈП „Државни патишта“.

Останатите гранични премини немаат подолги задржувања за влез или излез.

Апел за внимателно возење

АМСМ апелира до возачите да управуваат внимателно со возилата. Тие ги повикаа да ја приспособат брзината на сообраќајната сигнализација.

„Возете внимателно и приспособете ја брзината на сигнализацијата“, порачаа од АМСМ.

Овој апел доаѓа поради зголемена гужвана патиштата.

Неработниот ден за 1 Мај предизвика зголемен сообраќај на граничните премини. Граѓаните го користат празникот за патувања, особено кон Србија и Грција.

„Неработниот ден за 1 Мај ја зголеми фреквенцијата на возила“, потврдија од ЈП „Државни патишта“.

Continue Reading

Македонија

Коцевски: Истрагата за пожарот во Кочани мора да заврши во законски предвидениот рок од 90 дена, односно до 16-17 јуни

Published

on

– Истрагата за пожарот во Кочани мора да заврши во законски предвидениот рок од 90 дена, односно до 16-17 јуни, вели Државниот Јавен обвинител Љупчо Коцевски. На овој тежок и комплексен случај со 62 жртви, Коцевски нагласи, дека деноноќно работат 13 јавни обвинители и со ваквиот интензитет на преземање дејствија истрагата ќе заврши навремено.

Коцевски, во интервју за Алсат М, посочи дека сега истрагата се работи за едно кривично дело „тешки дела против општата сигурност“ и ЈО тргнува од денот на настанот одејќи наназад до 2012 година кога дискотеката почнува да функционира, откога се сторени прописти, додека на крај на истрагата ќе се донесе обвинение во кое ќе биде образложено секое дејствие на секој потенцијален обвинет и ќе се утврди за кое точно дело евентуално може да се работи.

-Во конкретниот случај се опфатени неколку институциии. Дирекцијата за заштита и спасување, Општината како локална власт, Државен пазарен инспекторат и Министерството за економија, како издавач на лиценците. Секој имал одредени надлежности и тимот на јавни обвинители цени дека причинско-последичната врска е смрт на лицата кои биле во дискотеката. Пропусти што довеле до ова имало секоја година, што значи дека тие имаат еден каузалитет. Секоја година се пропуштале да се преземат одредени дејствија, појасни Коцевски.

Проширување на истрагата со нови лица, кои евентуално може да бидат осомничени и потоа обвинети, според Коцевски, може да се очекува до последниот ден на истрагата.

За вчерашната средба со родителите на семејствата на настраданите во пожарот, Коцевски рече дека дел од родителите поставиле одредени прашања кои им биле одговорени, нагласувајќи дека сето она што требало да им биде соопштено во оваа фаза, согласно закон, било соопштено.

-ЈО не е превентивен орган, туку репресивен. Обвинителството не може да постапува по допрен глас и да знае дали дискотеката има или нема одобрение за работа и дали таму се дистрибуираат наркотични средства… тоа е надлежност на МВР и другите институции. Откако МВР или другите институции ќе спроведат акција и доколку има евентуално елементи на некое кривично дело тогаш се известува Обвинителството, истакна Коцевски.

Во однос на обвинувањата за политичко водење на истрагата и за притворот на Крешни Бектеши, Коцевски, рече дека во никој случај обвинителскиот тим не држи без причина никој во притвор, ниту, како што рече, министерот Бектеши.

-Битно за притворот е дали може да влијае на сведоци, да ја повтори постапката и дали евентуално ќе се даде во бегство. Во конкретниот случај министерот, и не само тој, и дел од останатите осомничени се наоѓаат во притвор, но тоа не значи дека мора да останат во притвор. Се до моментот кога јавните обвинители ќе оценат дека има услови за определување притвор тие може да поднесат предлог и судот одлучува по тоа дали ќе определи или не, односно дали ќе го продолжи притворот или не, појасни Коцевски.

Прашан како гледа на тоа што ниту еден од актуелните министри во Владата не се обиде ниту да поднесе морална оставка, Коцевски, рече дека тоа е нивна лична одлука и не може да коментира.

Во однос на „Беса транс“ и „модуларната болница во Тетово“, Коцевски рече дека обвинителство и судот постапуваат по овие случаи и дека се ноаѓаат во второстепена постапка. Едниот е укинат и повторно вратен во првостепена постапка, а другиот се чека одлука пред Апелација.

Continue Reading

Македонија

Божиновска: Балканот мора да гради заедничка енергетска иднина

Published

on

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, вчера учествуваше на 9. Балкански Енергетски самит што се одржува во Атина, под покровителство на Министерството за животна средина и енергија на Грција, Министерството за енергетика на Унгарија и Регулаторната комисија за енергетика на Северна Македонија.

Божиновска беше дел од отворањето на самитот и министерскиот панел посветен на зајакнување на стратешката енергетска соработка на Балканот, заедно со министри и регулатори од целиот регион. Во фокусот на дискусијата беа регионалната енергетска безбедност, забрзаната транзиција кон чисти извори на енергија и заедничкиот одговор на глобалните предизвици, соопшти Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС).

„Регионалната соработка за нас не е избор, туку стратешка нужност. Денес, повеќе од кога било, Балканот треба да биде обединет во обезбедувањето сигурна, одржлива и зелена енергетска иднина“, порача министерката Божиновска.

Извор: ТртБалкан

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк