Милена прв ден по породилното на работа: Прво се успа, па кафето и искипа, ама затоа на комшиите очите им се ширум ококорени пред зори (ФОТО)

Висока, згодна, атрактивна, сeксапилна…  се атрибутите што ја красат водителката Милена Антовска Станковска. Покрај тоа, таа е предадена сопруга и посветена мајка, па кога се’ ќе се сумира, Милена е жена за сите времиња. Особeно за рано наутро…

Водителката откако по втор пат се реализираше како мајка и го користеше породилното отсуство проследено со оправдана пауза пред камерите, дојде денот кога требаше да се врати на работа.

Се’ што е прв пат е тешко, иако на Милена ова не и беше прв пат, ама сепак… Долгото отсуство создава поинакви навики, па да се вратиш во „работен колосек“  не е баш и лесно. Тоа го искуси ТВ убавицата штом мораша тоа  “прво утро по деветмесечното отсуство“  да ги отвори очите навреме, за да стане и да се спреми за на работа. Арно, ама…

Она што и се случило, самата го прераскажа споделувајќи загрижена фотографија од автомобилот додека возела кон матичната телевизија.

„Прв ден на работа после породилно… Прво се успав прв пат во живот, па после ми искипа кафето… Лош или добар знак?“ – замислено се запрашала водителката.

Тоа што се успала, белким ќе и го простат, ако навистина и е прв пат… Еднаш, како ниеднаш… Исклучок секогаш постои. Ако се повторува, е тоа е веќе проблем, оти „исклучокот“ станува „стил на живот“. А и ТВ гледачите не можат да чекаат,  иако секогаш има некој кој ќе ја „покрие“ колешката!

А што се однесува до кафето…? Искипано или претечено, кога водителката го пие дома наутро, оддамна  е се’ речено.

Особено ако Милена рано наутро се’ уште кафе ритуалот го обавува пред широки прозорци без завеса, во црна, проѕирна секси ноќница или наметка, на комшиите очите им се ширум ококорени уште пред да се  раздени!

Па уште во истата наметка ако излезе на балкон да го залее саксикото цвеќе, од соседите од каршија, да пие кафе нема кој нејќе!

Или што би рекле: „Излези комши со филџанот право на тераса и поздрави ја сосетката, која брза на работа, навреме да стаса“!   Епа, наздравје кафенце и убав (прв) работен ден!

Vistina.com.mk