Прв пат во историјата на Скопје КОЛАПС НА ЈАВНИОТ ПРЕВОЗ – Арсовска не смета дека треба да поднесе оставка

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска не смета дека треба да си поднесе оставка, откако Скопје денеска за првпат во својата историја остана без јавен превоз.

По новинарско прашање од СДК.мк до Арсовска за тоа дали ќе си поднесе оставка од фунцкијата бидејќи граѓаните останаа без автобуси, таа вината ја префрли кон партијата со чија поддршка победи на локалните избори минатата година – ВМРО-ДПМНЕ.

„Оставка треба да си поднесат одговорните за управување со ЈСП, односно Управниот одбор на претпријатието изгласан од ВМРО-ДПМНЕ“, изјави Арсовска.