Таравари бара македонскиот и албанскиот јазик да се рамноправни, како во Југославија

В.д претседателот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари денеска истакна дека засега нема никаква понуда за неговата партија да биде дел од власта, а и да има ќе се одлучува преку партиските тела.

Тој го повтори ставот дека Алијанса за Албанците има свои предлози доколку во Собранието се почне дебата за менување на Уставот.

– Овој пакет на мерки кои што ќе го дадеме, ќе се презентира пред најзначајните амбасади во Скопје. Потоа ќе се презентира пред медиумите и се надевам пред пошироката јавност, но и пред другите политички партии. Нашиот предлог ќе биде нешто што не може да се одбие. Секако едно од нашето барања, второ ќе биде тоа еднаш за секогаш да ги тргнеме тоа 20 остсто. Да биде барем во Југославија како што беше, албанскиот и македонскиот јазик тука беа јазици кои официјално се користеа. Јас се надевам дека има подготвеност од сите македонски политички партии, тоа да се прифати, тоа да го помине и потоа да поминеме на други побитни теми, посочи Таравари.