Connect with us

Македонија

Управниот суд одлучи: Секој МАКЕДОНСКИ ГРАЃАНИН ИМА ПРАВО да го употребува ИМЕТО МАКЕДОНИЈА во правниот живот во Македонија

Published

on

Судска одлука донесена од надлежен македонски суд ја поништи забраната за употреба на името Македонија во имиња на организации и правни субјекти во земјава и во странство.

Со одлука на Управниот суд се поништува решението на екс министерот за правда Бојан Маричиќ кој сега е вицепремиер за евроинтеграции.

Според судското решение секој македонски граѓанин има право да го употребува името Макеоднија во правниот живот во Македонија.

За одлуката која е донесена по судски процес во емисијата Заспиј ако можеш гостин беа претставник на организацијата Млади за Македонија и адвокатот Тони Менкиноски кои успеаа да урнат владина позиција врз основа на непочитување на човекови права на Македонците и дискриминација врз нив.

Целата емисија овде:

Македонија

На 9 мај почнува судењето за прегазувањето на Фросина Кулакова

Published

on

На 9 мај ќе започне судењето за сообраќајната несреќа што се случи на 29 јануари годинава, во која животот го загуби 22-годишната Фросина Кулакова од Неготина. Ова е случај што го разбранува јавното мислење од почетокот на годината со организирани неколку протести во Неготино и во Скопје, со барање за затворска казна за 20-годишниот Васил Јованов. 

На 29 јануари, Јованов, без возачка дозвола, под дејство на алкохол, на црвено светло и на пешачки премин на булеварот „Партизански одреди“, смртоносно удри во Кулакова. Овој случај ги крена и гласовите на многу други семејства на жртви од сообраќајни несреќи, кои, незадоволни од судските одлуки за сторителите на вакви дела, излегоа на улица. 

Јавниот гнев се зголеми откако се појави информација дека Јованов, во времето на несреќата, требало да биде во притвор за друг случај за поседување дрога, но судијката Даниела Алексоска Стојаноска наместо тоа му изрече воспитна мерка. Исто така, се појавија информации дека таткото на Јованов е воено лице и ја искористил својата позиција за да влијае врз одлуката на Алексоска Стојаноска да го ослободи неговиот син. Преку прес-конференција со нивниот адвокат, родителите на Јованов изразија сочувство за покојната Кулакова и ги негираа информациите во јавноста дека на каков било начин се мешале во одлуката на судијата. Беше поднесено обвинение против таткото на Васил Јованов, кого обвинителството го товари за предизвикување општа опасност, имено обвинувајќи го дека свесно му дозволил на својот син да вози „Пежо 207“ во период од три години, иако знаел дека синот нема возачка дозвола и дека е повеќекратен прекршител на сообраќајните правила. 

Во меѓувреме, во случајот Кулакова, на Васил Јованов ќе му се суди за кривичното дело „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, што значи дека може да биде осуден на затворска казна до 20 години. 

Continue Reading

Македонија

ВИДЕО: Потона јахта во Мајами со инфлуенсерки – 32 лица спасени

Published

on

Триесет и две лица беа спасени кога јахтата Ламборџини почна да тоне во близина на Мајами Бич, Флорида, во текот на викендот, соопшти американската крајбрежна стража.

Во соопштението се вели дека јахтата долга 19 метри испловила од островот Монумент во Флорида во саботата, а спасените патници биле однесени во марина во Мајами Бич, објави АП.

Властите објавија дека причината за потонувањето на јахтата сè уште не е позната, додека на социјалните мрежи се наведува дека потонувањето е предизвикано од премногу луѓе.

Видеото може да го погледнете тука

Continue Reading

Македонија

Мицкоски: Јазикот е нашето цивилизациско право – нема отстапување

Published

on

Премиерот Христијан Мицкоски вечерва на свечената академија по повод 80 години од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик, истакна дека „Македонскиот јазик не е само минато, тој е мост до иднината“. 

„Затоа овој јубилеј нека не биде само момент на сеќавање туку и миг на будење, миг кога повторно си кажуваме – ова е наше, ова е вредно, ова е вечно“, порача Мицкоски.

Цитирајќи ги Крсте Мисирков и Блаже Конески, како и заслугите на преродбениците и просветителите, премиерот нагласи дека кодификацијата во 1945 година беше врв на вековна борба за национален израз и самобитност.

„Тоа не беше административен акт, туку признание за долга, искрена и тешка борба на еден народ за свое име и свој глас“, рече тој.

Мицкоски нагласи дека јазикот мора да се негува и развива: „Јазикот не е нешто што стои во витрина. Тој мора да се зборува, создава и живее. Нашата најголема надеж се младите.“

Се обрати и до Македонците во дијаспората, охрабрувајќи ги да го пренесуваат јазикот на идните генерации, како „нераскинлив дел од нашето национално ткиво“.

Во своето обраќање, премиерот потенцираше дека малите народи постојано мора да го докажуваат своето право на идентитет и јазик, особено во услови на пропаганди што удираат по нивните основи.

„Јазикот е нашиот бедем и неспорен идентитет. Нема да отстапам од нашето цивилизациско право да говориме, чувствуваме и пееме на македонски. Тоа што го правеле нашите предци, ќе го прават и нашите деца“, изјави Мицкоски.

На крајот, упати благодарност до сите институции и поединци кои работат на унапредување на јазикот: Институтот „Крсте Мисирков“, МАНУ, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, издавачи, медиуми, наставници, поети и преведувачи.

Ветувањето од Владата, како што рече, е јасно: продолжување со инвестиции во македонскиот јазик преку образовни реформи, дигитални проекти, речници, поддршка на институции, нови технологии и програми за млади – и дома и во странство.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк