Connect with us

Македонија

Мир и спокој во манастирот Свето Преображение- Зрзе

Published

on

На 1.000 метри надморска височина или на околу 169 километри од Скопје се наоѓа средновековниот манастир Свето Преображение- Зрзе.

Манастирот Св. Преображение или попознат како манастир Зрзе, се наоѓа околу 25 км западно од Прилеп. Подигнат е на една рамнина над селото Зрзе. Од сите страни е опколен со дабова шума, со отворен поглед кон Пелагониската рамнина.

Кога ќе пристигнете во манастирот на самиот влез има голема порта. Поради неговата локација на голема бигорска карпа од која што се гледа целата долина, неговите монаси го забележале вашето доаѓање и со голема љубезност и гостомпримство го чекаат вашето пристигнување на самата порта.

 Во дворот на Манастирот како и скоро во секој двор на нашите Манастири се наоѓа големо старо дрво, кое прави огромна сенка на масичките и столиците поставени така што посетителите можат да се одморат и да уживаат во прекрасниот поглед од манастирот.

Манастирскиот комплекс зафаќа површина од околу 7000 м2, простор на кој се изградени згради и тоа во северо – источниот – конаците, во западниот – економските згради, а на јужниот и југозападниот дел – други помошни згради.

Некогашниот манастирски комплекс заземал многу поголема површина од денешниот. Целиот простор одговара на површината која е природно оградена и заштитена со долини од јужната страна, и со значителен вертикален засек од источната страна. За заштита од западната страна порано бил издигнат висок дебел ѕид, од кого денес се зачувани остатоци.

Денешниот црковен комплекс од манастирот Зрзе се состои од храмот Св. Преображение, храмот Св. Петар и Павле, надворешната припрата на западната страна и дел од градбата на јужната страна од црквата на Св Преображение. Целиот тој комплекс е покриен со стари турски ќерамиди на три води. Јужно од црквата Св. Преображение , кон источниот дел е подигната кула – камбанарија. Најстара постројка од овој црковен комплекс е црквата Св. Преображение, подигната од монахот Герман.

Конзервацијата на манастирската црква заедно со истражувачките работи овозможиле да се проучат сите фази на доградбите, да се изврши реконструкцијана тремот и реставрација на оние места каде што за тоа постоеле елементи.

Македонија

ЌЕ ДУВА И ЌЕ ВРНЕ, АМА БАРЕМ НЕМА ДА СТУДИ Еве какво време нѐ очекува

Published

on

Во Скопје се очекува променливо облачно време со повремен дожд во утринските и претпладневните часови. Попладне ќе биде нестабилно, со услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурите ќе се движат од 14°C до 22°C.

Утрешниот ден (четврток, 24 април) ќе биде под влијание на нестабилна воздушна маса, што ќе донесе променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд и грмежи. На одредени места се очекуваат и поинтензивни атмосферски процеси, проследени со невреме – пороен дожд, електрични празнења, силен ветер, а можно е и појава на град, информираше УХМР.

Температурите ќе се движат во умерен опсег, со минимални вредности околу 11°C до 15°C, додека максималните дневни ќе достигнат од 18°C до 24°C, зависно од регионот. Ветерот ќе биде променлив, повремено засилен особено во моментите на нестабилност.

Во Скопје се очекува променливо облачно време со повремен дожд во утринските и претпладневните часови. Попладне ќе биде нестабилно, со услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурите ќе се движат од 14°C до 22°C.

Граѓаните се советуваат да бидат претпазливи, особено попладне и во вечерните часови, кога локално може да има и краткотрајни невремиња со поројни врнежи и силен ветер.

Continue Reading

Македонија

Сиљановска Давкова ќе присуствува на погребот на папата Францискo

Published

on

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ќе присуствува на погребот на папата Францискo кој ќе се одржи во сабота на 26 април во Рим. Ова го соопштија од Кабинетот на шефицата на државата.

135 кардинали од сите континенти се поканети во Светата Столица да присуствуваат на погребот и на општите конгрегации, пред конклавата на која ќе биде избран новиот поглавар. Последна желба на папата е да биде погребан во базиликата „Санта Марија Маџоре“ во центарот на Рим, наместо во базиликата „Свети Петар“.

Од останатите светски лидери, претседателот Доналд Трамп и првата дама Меланија Трамп ќе присуствуваат на погребот. И претседателот на Франција, Емануел Макрон, потврди дека ќе присуствува. Се очекува и украинскиот претседател Володимир Зеленски да се појави во Рим.

Претседателката Сиљановска-Давкова вчера се огласи по смртта на папата.

„Како народен папа, му го честиташе Христовото воскресение на христијанското семејство и утринава мирно си замина во вечноста. Јас, пак, по четириесетината минути незаборавен разговор, ќе го помнам по исклучителниот ум, мудрост, топлина и едноставност“, напиша Сиљановска Давкова, споделувајќи фотографија од нејзината средба со Францискo.

Continue Reading

Македонија

„Македонското прашање се уште не е затворено“, рече Мицкоски на една година од работењето на „Беломорски клуб читална“

Published

on

На настанот присутни покрај основачите, членовите на клубот, беа и премиерот Христијан Мицкоски, министри и претставници од повеќе министерства, градоначалници…. Во клубот денеска литература од над 300 книги и секој кој сака може да го посети, и да најде и прочита дел од податоците и документите кои се наоѓаат таму ….

Целта на отворањето на клубот, како што беше посочено на денешниот настан била една а тоа е да се одржи отворено прашањето на Македонците по потекло од Егејскиот дел на Македонија, а на најмладите да им се пренесе љубовта кон татковината….

Основачите и членовите изразија голема благодарност до Владата, за како што рекоа поддршка и помошта која изминативе години ја добиваат, а во таа чест на премиерот Христијан Мицкоски му беше доделена и благодарница….

И овој пат во 21 век се обединивме и го поразивме тоа што 7 години го тероризираше македонскиот идентитет и народ. Денеска е во длабока опозиција а ние ќе се бориме да го повратиме достоинството кое го имавме во минатото, порача Мицкоски.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк