Груевски: Тоа што не нè убива, нè прави посилни – Нека е вечна Македонија!

Поранешниот премиер Никола Груевски го честиташе 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, денот кога е создадена Македонската револуционерна организација.

освен тоа, го сметам за прв чекор кон самодејност на земјата.

Кај Иван Хаџи Николов, опфатен од ослободителбата идеја уште од помладите денови се зацврстила мислата дека “само една тајна револуционерна организација ќе може да го пресече патот на туѓите пропаганди во Македонија” (од записите на Иван Хаџи Николов), бидејќи претендирале да постанат “Србија -Балкански Пиемонт, Бугарија – балканска Прусија!”

Кога Гоце Делчев заедно со Петруш Делииванов пристигнал во Штип во ноември 1894 година и кога се одигрува првата историска средба меѓу него и Дамјан Груев, кој тогаш бил учител во Штип, уште првата вечер на провокативното прашање на Д.Груев (кој до тогаш само имал слушнато за Г.Делчев од времето кога ја сондирале идејата за формирање на МРО), зошто ја напуштиле Бугарија каде Делчев се школувал, Гоце впечатливо и огнено одговорил: “Може ли да има друго место за еден Македонец, освен Македонија? Дали има народ по несреќен од македонскиот? И дали има некаде пошироко поле за работа одколку Македонија? Даме возвратил со “Добро сте ми дошле” и му дал примерок од уставот а следниот ден положил заклетва. Така започнале да дејствуваат во штипската приградска населба Ново Село активностите на овие двајца револуционери кои во најголема мера допринеле Штип да израсне во вистински бастион на македонската ослободителна борба во годините и децениите подоцна.

Идеалите на оснивачите и водачите, треба да бидат наша инспирација и мотивација за остварување за идеалите на денешното време. Нивната храброст, решителност, чистота на идејата за ослободување и дистанцата од туѓите пропаганди и аспирации кон Македонија треба трајно да ги вградиме кај секое од нашите деца, и тоа не само преку училиштата, туку пред се во домовите.

Нека е вечен празникот 23. Октомври, денот на макеоднската револуционерна борба!

Денот кога се поставени темелите на македонската револуционерна организација – МРО (подоцна ВМРО),

Да опстои и да зацврсти духот и идеалите за кои нејзините основачи, водачи и припадници ги положија своите животи!

Нека е вечна Македонија! – напиша Груевски на Фејсбук.