Connect with us

Македонија

ОМО Илинден Пирин: Прво МАКЕДОНЦИТЕ во бугарскиот Устав, па после БУГАРИТЕ во македонскиот Устав!

Published

on

ПРВО МАКЕДОНЦИТЕ ДА БИДАТ ВНЕСЕНИ ВО БУГАРСКИОТ УСТАВ, ПА ПОСЛЕ БУГАРИТЕ ВО МАКЕДОНСКИОТ УСТАВ – реакција за поновите случувања на тема односите со Бугарија, од страна на организацијата од Бугарија ОМО Илинден Пирин.

Се додека прво Бугарија не ги признае Македонците како малцинство и не ги внесе во бугарскиот устав, ниеден македонски политичар НЕМА ПРАВО да гласа за промена на македонскиот устав и за внес на бугарското малцинство во тој устав.

Секој македонски политичар кој ги става надворешните интереси (на Бугарија и на ЕУ) пред македонските интереси, и кој работи против македонските национални интереси, треба да одговора и да биде изведен пред суд како НАЈГОЛЕМ НАЦИОНАЛЕН ПРЕДАВНИК !

Македонците повеќе не веруваат на лажни приказни за некакви гаранции од ЕУ. ЕУ многу пати досега докажа дека и се битни само бугарските и грчките интереси, и со децении молчи и го одобрува негирањето и газењето на македонскиот идентитет и во Бугарија, и во Грција и во Македонија!

Македонските политичари се избрани од македонскиот народ и на нив најбитни и на прво место мора да им бидат македонските национални интереси, а не интересите на Бугарија, Грција и ЕУ!- напишаа од ОМО Илинден Пирин.

Македонија

Димовски: Знаеме по кои улици оди протестот во Белград, ама не знаеме каде се наоѓа во Македонија градот Пазар. Чудно, нели?

Published

on

Поранешниот пратеник Илија Димовски ја коментира преокупираноста на македонските граѓани со протестите во Србија деновиве.

Дечки, целта за формирање на независна држава беше да олабават и они од нас, и ние од Белград. Некако не ни оди? 

Знаеме по кои улици оди протестот во Белград, ама не знаеме каде се наоѓа во Македонија градот Пазар, на пример. Чудно, нели?“, прашува Димовски во објава на Икс, мислејќи на градот во средишниот дел од Егејска Македонија, познат и како Ениџе Вардар, преименуван во Јаница од грчката држава.

Continue Reading

Македонија

Специјалните полициски единици спасија две момчиња од водите на Мавровското езеро (ВИДЕО)

Published

on

Екипи на Министерството за внатрешни работи (МВР), САЕ Тигар, ренџерската служба на Националниот парк „Маврово“ и локални жители успешно извлекоа две лица од Мавровско Езеро, на кои им се превртел чамецот. Како што информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК), извлечените лица се наоѓаат во возилото на итната медицинска помош.

Претходно, ЦУК соопшти дека полицискиот хеликоптер со тим од САЕ Тигар, опремен со чамец, се упатил кон двете лица кои се потпирале на нивниот превртен чамец.

Од ЦУК истакнуваат дека двете лица успеале да го превртат чамецот и да го вратат во нормална позиција, по што успеале повторно да се качат во чамецот и чекале да бидат извлечени од тимот на САЕ Тигар.

„Благодарност до храбрите припадници на Одделот за воздухопловни единици и САЕ „Тигар“, како и на сите други кои со брза и решителна акција денес успеаја да спасат две момчиња од водите на Мавровското Езеро“, напиша министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.

Ова е уште една потврда дека полицијата е тука за граѓаните во секоја ситуација и подготвена е да реагира и во случаи на сложени спасувачки акции.

Погледнете го видеото

Continue Reading

Македонија

СДСМ утре избира претседател, Филипче единствен кандидат

Published

on

Опозициската СДСМ утре избира нов партиски претседател. Актуелниот лидер на СДСМ, Венко Филипче, е единствен кандидат за претседател на партијата на редовните внатрепартиски избори.Одговарајќи на новинарско прашање дали има некаков револт кај членството што не се пријавил никој друг кандидат, Филипче истакна дека немало и смета дека тоа е одраз на консолидацијата на партиското членство на кое што тој, како што рече, интензивно работел во изминатиов период.

-Не, напротив. Сметам дека тоа е одраз на консолидацијата на партиското членство на кое што јас интензивно работев во изминатите девет месеци. Веќе се пријавени поголем број на гласачи, се регистрираа за гласање отколку во претходниот циклус. И тоа што имаме интензивни средби на ниво на сите општински организации и состаноци на кои доаѓаат огромен број на членови кои до пред некое време едноставно покажувајќи револт не се појавуваа на тие состаноци, а сега се присутни, присуствуваат, сугерираат, учествуваат во процесот на градење на политики. Тоа за мене е само еден знак дека консолидацијата е веќе настаната и ние продолжуваме во следниот период да се спремаме за локалните избори кои што ќе дојдат наесен, рече Филипче

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк