Connect with us

Македонија

СКАНДАЛ: Во Вевчани шест години ги лекувал лекар што немал завршено медицински факултет!

Published

on

Лекар без никаква диплома, кој воопшто немал завршено медицински факултет, цели шест години ги лекувал жителите на Вевчани, објави ТВ Алфа. Надлежните го истражуваат случајот.

Сомнежот меѓу жителите се јавил уште пред неколку дена, кога низ селото брзо се пренела информацијата дека Здравствениот дом во Вевчани го „чешла“ полицијата, за набрзо потоа да се расчуе дека всушност се проверува целокупната документација и печатите кои ги користел 33-годишниот лекар со спорна диплома, кому шест години му го доверувале нивното здравје.

Дозволете најпрвин органите на прогонот да си ја завршат работата, а потоа јас ќе се произнесам за целиот случај, до тогаш не би коментирал ништо“, изјави за Алфа Јован Стојкоски, директорот на Здравствен дом Вевчани.

Лекарот чие образование е спорно веќе една недела не работи, додека се испитува случајот. Во Здравствениот дом инаку се лечат пациенти од Охрид, Струга и околните места.

Од полиција кусо велат дека работат на расветлување на случајот и на утврдување на околностите.

Македонија

Коцевски: Дискотеката функционирала со многу пропусти – ерозија на системот – Објектот регистриран како фабрика

Published

on

Јавното обвинителство започна детална истрага за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, испитувајќи како објектот добивал дозволи со години, собирал малолетници секој викенд, а институциите не презеле мерки за негово затворање.

Осомничени 10 лица, барање за краткотраен притвор

Обвинителот Љупчо Коцевски изјави дека обвинителството издало наредби за преглед на видео-снимки, апсење на сите лица кои со своето постапување придонеле за трагедијата и форензичка анализа на предмети од местото на несреќата. За 10 лица ќе биде побаран краткотраен притвор, а над 20 лица се повикани на информативен разговор.

Во рамките на истрагата, Обвинителството побарало од Основниот суд во Кочани да ја одземе целокупната документација за дискотеката „Пулс“ и да одобри претреси во домови на осомничени.

Меѓу лицата кои се испрашуваат е и поранешниот министер за економија Крешник Бектеши, кој во моментов се наоѓа во полициска станица на распит.

Објект без хидранти, противпожарни мерки и со заклучени излези

Првичните наоди откриваат дека дискотеката не ги исполнувала основните безбедносни стандарди:

• Немала функционален хидрант и противпожарна мрежа.

• Имала само два противпожарни апарати, недоволни за квадратурата на објектот.

• Наместо две пропишани излезни врати за евакуација, имала само една метална врата, заклучена со катанец и без квака од внатрешна страна. Била дополнително обложена со гипс картон и сунѓер за звучна изолација.

• Објектот немал пристап за противпожарни возила од двете страни, како што пропишува правилникот за заштита од пожари.

• Внатрешноста на дискотеката била обложена со лесно запаливи материјали и немала таван со противпожарна отпорност од 30 минути.

• Немало алармен систем кој би ги предупредил посетителите за опасност.

• Пиротехнички средства биле користени на висина од три метри без дозвола.

Дискотека регистрирана како фабрика

Според податоците од Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам, објектот бил регистриран како лесна индустрија со површина од 419 м². Не е направена пренамена во угостителски објект, но сепак, Министерството за економија му издало дозвола за работа како дискотека пред 15 години.

Обвинителството најавува кривични постапки

Јавното обвинителство сè уште нема издадено наредба за истражна постапка, но истрагата се води за „тешки дела против општата сигурност“ и други поврзани кривични дела.

Еден од организаторите веќе е сослушан и се потврдило дека немало писмен договор помеѓу него и музичката група што настапувала таа вечер. Можно е да има и обвиненија за давање и примање поткуп и незаконско користење пиротехнички средства.

Обвинителите ќе продолжат со увидот и утре наутро, а дополнително ќе бидат ангажирани јавни обвинители од Основното јавно обвинителство Скопје.

24инфо.мк

Continue Reading

Македонија

Меџити: Болката е заедничка, заедно тагуваме за жртвите од Кочани

Published

on

Вечерва, на плоштадот „Скендербег“, првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, заедно со граѓаните, положи цвеќе во чест на изгубените животи во трагедијата во Кочани.

„Заедно ја споделуваме болката и се солидаризираме едни со други. Вечерва зборуваме на различни јазици, но исто тагуваме и жалиме за нашите млади момчиња и девојки што неправедно ги изгубивме,“ истакна Меџити.

Тој упати сочувство до семејствата на жртвите и порача дека тие не се сами во оваа болка. „Нашите молитви и мисли се со семејствата на жртвите и повредените. Ние сме заедно!“ – порача Меџити.

Continue Reading

Македонија

14 повредени лица од Кочани ќе бидат примени на лекување во Бугарија!

Published

on

Вкупно 14 пациенти ќе бидат примени на лекување во Бугарија од Република Северна Македонија по  инцидентот во дискотека во Кочани.

Осум од нив пристигнале со воениот авион Спартан. Петмина се примени во Итната болница Пирогов во Софија. Сите се полнолетни, во тешка или критична состојба. Ова го соопшти проф. Николај Габровски, кој е заменик директор на болницата.

Се очекува вечерва да пристигнат уште пет повредени со амбулантите кои од Бугарија беа испратени во Македонија. Тројца од нив ќе бидат сместени во пловдивската болница „Св. Георги“, а останатите ќе бидат сместени во Пирогов, од кои двајца се малолетни.

Тројца од повредените ќе бидат примени во поморската болница во Варна. 

Вкупно 59 лица загинаа во пожар во дискотека во градот Кочани. Повредените се над 150.

Властите во Македонија известија дека пожарот бил предизвикан од пиротехнички средства користени за време на концерт во дискотеката.  

Голем дел од повредените и жртвите се млади луѓе на возраст од 16 до 24 години.

Бугарија изрази сочувство и испрати спартански воени авиони, како и амбулантни возила, да ги пренесат некои од најтешко повредените во бугарските болници.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк