Connect with us

Македонија

Турски медиум: Македонија е татковина на Александар Македонци и Мајка Тереза! Скопје е град кој фасцинира!

Published

on

Дали некогаш сте се запрашале дали повеќе ја сакате ноќта или денот во градовите во кои патувате? Секогаш се прашувам по секое патување, бидејќи секој град ми пее различна песна ноќе и дење. Скопје е еден од оние градови што кога ќе се стемни изгледаат како да пеат романтични песни во париски стил, истакнува Озге Шенгелен за „Дејли сабах“, a пренесува „Нова Македонија“.

Во репортажата на „Дејли сабах“, Македонија е наречена татковината на Александар Македонски и Мајка Тереза.

Додека Скопје, главниот град на Македонија, блеска со париска романса ноќе и ве фасцинира, прекуден се претвора во Рим со своите скулптури и структури, кои личат на музеј на отворено. Се разбира, овие скулптури и структури не потекнуваат од толку длабоковкоренетата историја како онаа на Рим. Сепак, Скопје сака да претстави дека има длабоковкоренета историја. Тој е град со вкус на музеј на отворено и наследство за иднината, особено со статуите и гигантските градби подигнати на градскиот плоштад, околу Камениот мост и во многу други делови. Скопје, кое се обидува да биде прифатено во регионот, е место каде што можете да поминете многу време, дење и ноќе, иако тоа може да изгледа мало.

Скопје, кое ме прави да се чувствувам како дома и во мир секогаш кога ќе дојдам овде, има поинаков дух. Ниту е баш европски ниту баш османлиски град. Додека ги следите трагите од османлиското владеење на едниот брег на реката Вардар, кога ќе го поминете Камениот мост на спротивната страна ве пречекува светол модерен град…

Македонија

Итно клуч на врата на 80% од дискотеките во Македонија

Published

on

Владата ќе ги затвори објектите кои не ги исполнуваат безбедносните стандарди Премиерот Христијан Мицкоски најави дека над 80 проценти од дискотеките во Македонија ќе бидат затворени поради неспособноста да ги исполнат минималните технички и безбедносни услови. Оваа одлука следи по трагичниот инцидент во Кочани, во кој загинаа 59 лица.

  • По трагедијата во Кочани, Пазарната инспекција започна контроли низ земјата, проверувајќи ги лиценците на дискотеките и кабареите. До сега се проверени 60-70 објекти, и утврдено е дека дури и тие кои формално имаат дозволи, не ги исполнуваат условите“, изјави Мицкоски во денешното гостување на телевизија Сител. 

Од 22 дискотеки кои имаат лиценци, половина од нив не ги исполнуваат основните технички стандарди. 

  • Мора да бидам строг и да кажам дека повеќе од 80 отсто од објектите ќе бидат затворени, без разлика на реакциите на сопствениците“, додаде премиерот.

Покрај тоа, Мицкоски ја наложи контрола на кафулињата и нивните заградени тераси низ општините, бидејќи и тие често организираат забави.

Во врска со трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“, премиерот истакна дека сите одговорни ќе се изнесат пред суд, без разлика на нивната партиска припадност. Тој најави одговорност и за други трагични настани, како несреќата во модуларната болница во Тетово и автобуската несреќа кај Ласкарци.

  • Ќе одиме до крај. Сакаа да го видат крајот, епа ќе го видат крајот. Ако не успееме, јас сум тој што ќе ја урне оваа Влада“, порача Мицкоски. 

Денот на погребот на жртвите од трагедијата во Кочани е утврдена за 20 март, а Владата препорача да биде неработен ден во Кочани.

Continue Reading

Македонија

Мицкоски: Почнуваме пресметка со мафијата – нема запирање!

Published

on

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во вечерашното гостување во централниот дневник на „Сител“ во рамки на „Тема на денот“ порача дека ќе се отворат сите претходни случаи, вклучително и трагедиите со модуларната болница и автобуската несреќа кај Ласкарци. Според него, нема да има запирање сè додека не се откријат сите детали и одговорните не бидат изведени пред лицето на правдата.

„Сите овие случаи кои што ги споменавте одблиску ќе ги следам. Знам во која фаза се и очекувам обвинителството многу јасно да ја прошири истрагата и да го идентификува не само возачот на автобусот или управителот на правното лице, туку да видиме кој го оценил возилото како технички исправно, кој му дал дозвола на испитниот центар да работи под тие услови.

Зошто во модуларната болница е променето министерството од едно во друго кога е правена јавната набавка? Зошто кабелот е виновен? Кој го направил проектот? Дали можеби недостасуваат некои елементи и ако да, кои се тие? Сите овие прашања мора да добијат одговор. Ќе има разврска. Нема ништо да оставиме“, истакна премиерот.

Мицкоски потенцираше дека оваа борба е прашање на опстанок – или за граѓаните и Македонија, или за криминалните структури кои, како што рече, нема да имаат повеќе простор за манипулации.

„Јас ви реков: Тргнавме. Нема сега запирање, сега одиме до крај. Или тие или ние. Во животот постојат две работи, или тој или ти. Не може двајцата да опстанат. Или ние ќе опстанеме – Македонија и граѓаните од една страна, или мафијашите. Нема место за двајцата повеќе“, порача тој.

На прашањето од новинарот дали стои зад своите зборови, Мицкоски беше дециден: „Да ме држите за збор.“

Continue Reading

Македонија

„Летај, свири и дојди ни понекогаш во сон да се прегрнеме најсилно како што ти знаеше да прегрнеш“ – Сопругата се прости од Филип Стевановски

Published

on

Ирена, сопругата на Филип Стевановски, кој беше член на ДНК и го загуби животот во несреќата во Кочани, со зборови кои кинат срце се прости од него.

Таа во објавата на Фејсбук напиша:

-Среќо моја, Филип мој! Њоњче мое, ме остави со најголема празнина која не се опишува. Ми остави најголем спомен кој ќе го чувам и ќе се борам како најголема лавица. Знам дека ќе не’ чуваш и ќе ни дадеш сила да продолжиме по овој пат кој ќе биде претежок за нас. Твојата светлина беше преголема за овој тажен свет. Свети и сега како најсилна ѕвезда која ќе ја гледаме секогаш и ќе знаеме дека не’ чуваш од небото! Лора беше твоето се’ , музиката твојот живот, а јас твоето њоњче и ветерот во грб за да достигнеш се’ што имаше замислено. Последниот наш настап беше толку радосен и толку многу се смеевме, правеше се’ за да сите бидеме среќни и насмеани. Вечно ќе те паметиме по твојата голема душа, твојата насмевка што Лоричка ја носи, а јас во таа насмевка ќе те гледам тебе, мил мој. Мојот живот без тебе веќе е тажен, претажен, но се’ што сме сакале Лора да успее ветувам дека ќе го направам, а знам дека ти ќе ми помогнеш од зад облаците! Летај, свири и дојди ни понекогаш во сон да се прегрнеме најсилно како што ти знаеше да прегрнеш, напиша неговата сопруга Ирена.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк