Заев ја избркал на „клоци“ косовската министерка за надворешни откако му се заканила ?

Поранешниот македонски премиер Зоран Заев побарал од министерката за надворешни работи на Koсово, Доника Гервала да го напушти неговиот кабинет откако таа на средбата рекла дека доколку Македонија не излезе од Отворениот Балкан, ќе си има работа со неа.

Според информациите, Заев, соочен со оваа необична ситуација, побарал од Гервала да го напушти кабинетот.

„Извинете госпоѓо, но ова викање е неподносливо во мојата канцеларија, од учтивост не можам да ве изнесам, инаку не можете да зборувате на овој начин и вака“, изјавил Заев.

После тоа Гервала ја напуштила канцеларијата.

Текстот за овој случај вчера го објавија повеќе албански портали без притоа да прецизираат кога точно се случило.