Connect with us

Македонија

Потпишан е ФРОНТЕКС, првиот договор со Европската комисија на чист македонски јазик

Денеска во свечената сала на Владата на Република  Македонија е потпишан т.н. „Договор за Фронтекс“, првиот ваков договор помеѓу Европската комисија и Република Македонија на македонски јазик, во присуство на премиерот Димитар Ковачевски и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Договорот го потпишаа министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон и амбасадорот на Чешката Република во земјава, Јарослав Лудва, во име на чешкото претседателство со Советот на ЕУ.

Станува збор за договор помеѓу Република  Македонија и Европската Унија за оперативни активности спроведени од страна на Агенцијата за европска гранична и крајбрежна стража во Република  Македонија.

Овој Договор има оперативно и политичко значење и за  Македонија и за Европската Унија.

Од страна на претставниците на Владата на Република  Македонија и на претставниците од Европската комисија е споделена заедничка согласност дека потпишувањето на овој прв договор помеѓу  Македонија и Унијата е на македонски јазик, без какви било ѕвездички и фусноти, покрај јазиците на земјите членки на ЕУ, е потврда на дело за почитувањето на македонскиот јазик и македонскиот идентитет, од страна на Европската Унија.

Со договорот ФРОНТЕКС, заеднички е оценето дека е направен нов чекор напред во европското единство, во коешто активно придонесува Република  Македонија и од позицијата на земја преговарач со Европската Унија, а којашто, како што е безрезервно изразено, е очекувана и добредојдена во скоро време во Унијата, како полноправна членка.

Договорот ФРОНТЕКС, на оперативно ниво ќе овозможи подобра заштита на границите, брзо распоредување на персонал и опрема на ФРОНТЕКС или на странски полициски службеници на критични точки на границите, а во случаи на ненадејно и брзо влошување на состојбата се обезбедуваат можности за сигурна и континуирана размена на информации и податоци, вклучувајќи оперативни сознанија, разузнавачки податоци, продукти од видео и воздушен надзор, сателитски снимки и слично.

Потпишувањето на договорот ФРОНТЕКС е израз на заедничка посветеност на Република  Македонија и на Европската Унија за дефинирање одржливи, трајни решенија во справувањето со илегалната миграција и прекуграничниот криминал, пришто, почитувањето на човековите права и демократските принципи се основни темелни принципи на коишто се темели меѓусебната соработка. На овој начин, со имплементацијата на Договорот ќе се придонесе кон ефикасно управување и справување со предизвиците од миграцијата и евентуални потенцијални идни закани, а со тоа и кон справувањето со сериозниот криминал со прекугранична димензија. Договорот ги уредува сите прашања неопходни за распоредување тимови за управување со границите од постојаниот корпус на Агенцијата за европска гранична и крајбрежна стража на територијата на Република Македонија, пришто членовите на тимот можат да вршат извршни овластувања.

Оперативната активност, според овој Договор, започнува со писмена одлука на извршниот директор на Агенцијата за европска гранична и крајбрежна стража во Република Македонија, по писмено барање на надлежните органи на нашата држава, а соработката се заснова врз принципите на партнерство и меѓусебно почитување, како и одржување на највисоките стандарди на интегритет, етичко однесување, професионализам

Македонија

Над 3 милиони ноќевања годинава – континуиран раст на бројот на странски туристи во земјава

Туристичкиот сектор бележи позитивен тренд, покажуваат најновите податоци за годинава, според кои се остварени повеќе од 3 милиони ноќевања, со забележлив пораст на бројот на странски туристи во земјава.

Според официјалната статистика, зголемувањето на ноќевањата е резултат на поголемиот прилив на гости од странство, што укажува на зајакнат интерес за Македонија како туристичка дестинација. Позитивниот тренд се должи на подобрената туристичка понуда, зголемената авионска поврзаност и засилената промоција на земјата на меѓународните пазари.

Најголем дел од странските туристи доаѓаат од европските земји, а посебен раст е забележан во градскиот, културниот и езерскиот туризам. Надлежните институции оценуваат дека ваквите резултати се охрабрувачки и претставуваат добра основа за понатамошен развој на туризмот.

Се очекува позитивниот тренд да продолжи и во наредниот период, со дополнителни активности за подобрување на туристичката инфраструктура и зголемување на квалитетот на услугите, со цел земјата да се позиционира како атрактивна и конкурентна туристичка дестинација во регионот.

Continue Reading

Македонија

Екс-правобранителот  Фехми Стафа приведен за мито – барал 100.000 евра, фатен со 50.000

Поранешен државен правобранител е уапсен поради сомнежи за примање мито, откако бил фатен со дел од побараната сума во негово поседување, соопштија надлежните истражни органи.

Според објавените информации, правобранителот се сомничи дека побарал мито од 100.000 евра во замена за поволно уредување на службени активности. При акцијата на полицијата, тој бил фатен додека држел 50.000 евра, што претставува дел од побараните средства.

Надлежните органи потврдуваат дека случајот е во фаза на истрага, а против екс-правобранителот ќе биде подготвена соодветна кривична пријава. При приведувањето биле обезбедени и други материјални докази што ќе бидат дел од доказната постапка.

Од истрагата информираат дека овој случај еден од повеќето што ги третираат злоупотребите на службената положба и корупцијата во јавните институции, со цел да се испрати јасна порака дека недозволиви практики нема да бидат толерирани.

Осомничениот е задржан во полициска станица, а во наредните денови обвинителството ќе се изјасни за понатамошните мерки и евентуални притворски предлози.

Continue Reading

Македонија

И следната недела со невообичаено високи температури за овој период

Невообичаено топлото време ќе продолжи и во текот на следната недела, најавуваат метеоролозите. Според прогнозите, температурите ќе останат значително над просекот за овој период од годината, со стабилни временски услови и без поголеми заладувања.

Во поголем дел од земјата се очекува претежно сончево време со умерена облачност, а дневните температури ќе се движат од двоцифрени вредности, што е нетипично за средината на зимската сезона. Утринските часови ќе бидат посвежи, но без појава на екстремно ниски температури.

Метеоролозите посочуваат дека ваквите временски услови се резултат на стабилна воздушна маса и отсуство на студени фронтови од север. Засега нема најави за значителни врнежи од снег или дожд, ниту за нагло влошување на времето.

Иако ваквото време е поволно за секојдневните активности, експертите предупредуваат дека долготрајните повисоки температури во зимскиот период можат да имаат влијание врз природата и земјоделството, особено врз вегетацијата.

Подетални и редовно ажурирани информации за временската состојба граѓаните можат да следат преку официјалните метеоролошки служби.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг