Connect with us

Балкан

НАЈМОНСТРУОЗНОТО ЗЛОСТОРСТВО во СФРЈ го направила НАЈУБАВАТА ЖЕНА-МОНСТРУМ: Осудена е на смрт со стрелање

Ништо толку монструозно и несфатливо не се случило во дотогаш мирната Југославија. Немало весник што не пишувал секојдневно за „најмонструозното злосторство на сите времиња“, за Шефка се зборувало и прераскажувало, ја викале „Жена-монструм“ и „Пантерот од Камењача“.

Иако во СФРЈ беше означена како ѕвер, сепак приказната е полна со противречности и недоследности…

За Шефка Хоџиќ се зборувало дека е најубавата жена во околината. Крупна, со полни усни, бел тен и црна коса, таа живеела сосема нормален и обичен живот чија среќа ја нарушил само еден факт – Шефка никако не можела да забремени и да има дете.

И, токму тоа, во регионот во кој сè уште владееле старите обичаи, според кои е еднакво на грев ако жената не може да роди, бил почетокот на приказната за едно од најмонструозните злосторства на поранешна Југославија.

Монструозно злосторство кое никој не можел да го објасни

Според општоприфатената верзија, на 7 октомври 1969 година, недалеку од Јусиќ, на потокот Камењача во Босна, Шефка Хоџиќ ја чекала својата пријателка Алија Хасановиќ, која се враќала од соседното село Анѓелиќи, ја убила со три истрели од пиштол, со нож и го отворила стомакот и го извадила дете. Телото на Алија го сокрила во некоја нива, под бала со сено. Таа го однела детето дома, но тоа не преживеало.

Кога било откриено телото на Алија, полицијата не знаела од каде да почне. Едноставно, никому не му било јасно кој и зошто може да направи такво кривично дело. На вистинската трага укажал патологот Милан Вушиќ, кој ја поставил тезата дека делото го извршила неплодна жена која сакала дете.

– Дете од утробата на мајката можел да го грабне само некој кој премногу го сакал и не можел да го има. Треба да барате жена која има дете, а не го родила, рекол тој.

Вака насочена, полицијата ги проверила сите жени од тој крај кои се породиле тој ден и открила дека Шефка веќе го пријавила раѓањето и смртта на нејзината ќерка. Со гинеколошки преглед, пак, е утврдено дека Шефка никогаш не родила дете, ниту, пак, била бремена.

Тогаш Шефка признала се, освен дека ја убила Алија. Дури и кога во нејзината куќа биле пронајдени дукати и прстените на починатата и крвав нож, таа тврдела дека е невина.

Филмско судење

Судењето на Шефка и Авдија Хоџиќ, нејзиниот зет, кој бил обвинет како соучесник затоа што Шефка му го дала пиштолот да го сокрие, се одржало пред Окружниот суд во Тузла, во вжештена атмосфера, бидејќи многумина ја барале главата на Шефка.

Првиот бранител на Шефка бил познатиот белградски адвокат Тома Фила. Тој на крајот го напуштил нејзиниот случај поради конфликт на интереси, но бил адвокат на нејзиниот зет Авдија Хоџиќ, а како бранител на Шефка дошол неговиот татко Филота Фила.

Пресудите се донесени на 25 мај 1970 година – Шефка е осудена на смрт со стрелање, а Авдија на пет години затвор.

Сепак, тоа не бил крајот на приказната! Благодарение на адвокатот за тоа време се случило чудо, процесот бил обновен и истата година на 18 септември Шефка добила нова казна – смртната казна беше заменета со 20 години затвор…

Дали Шефка е наместена?

Години подоцна се појавија наводи кои го направија целиот случај контроверзен. Имено, Шефика на судењето го негирала делото, тврдејќи дека ја познава само Алија, а детето и го донел некој друг дома, велејќи и таа да се грижи за него. За убиството на Алија дознала дури следниот ден, но и тогаш не ги знаела деталите, па не го поврзала случајот.

– Ја познавав Алија, добро, знаев дека е бремена и ќе има дете, таа ми беше пријателка, како можев да ја убијам, рекла Шефка на судењето.

Мештаните зборувале дека лицето кое и го дало детето на Шефка, а кое таа до крај одбивала да го именува, бил нејзиниот сопруг Неџиб или еден од нејзините најблиски роднини. Семејството Хоџиќ го продало имотот и за време на судењето од селото Јусиќ се преселило во Калесија кај Тузла.

Денеска целиот случај е обвиен со мистерија, а исто така и судбината на Шефка. Познато е дека добила предвремено ослободување од затвор и била ослободена во 1983 година. Оттогаш ништо не се знае за неа.

Гласините говорат, иако никогаш не е официјално потврдено, дека по излегувањето од затвор го променила идентитетот, се омажила, па дури и родила дете. Наводно извесен период живеела со сопругот некаде во Војводина, а денес, се вели, е во странство и е сопственик на фирма. Ниту една од овие информации никогаш не е официјално потврдена.

Балкан

Авион од Приштина слета надвор од пистата во Истанбул — сите патници евакуирани без повреди

Патнички авион на компанијата AJet, кој летал на релација Приштина–Истанбул, излета од пистата по слетување на аеродромот Sabiha Gökçen International Airport, но, за среќа, сите патници беа безбедно евакуирани и нема пријавено повредени.

Авионот — модел Boeing 737-800 со лет VF102 / TKJ76Q — по слетувањето, при рулирањето, излегол од патеката и запрел на мека земјена подлога покрај пистата. Причина, според авиокомпанијата, биле обилните врнежи кои ја направиле подлогата лизгава.

Според официјалното соопштение од Амбасадата на Република Косово во Турција, сите лица се евакуирани преку надворешни скали — без употреба на итни лизгалки — и мирно ја продолжиле својата патувачка траекторија.

Турските власти привремено ја затворија пистата каде се случи инцидентот, додека трае отстранувањето на авионот и проверка на безбедносната состојба, а надлежните институции започнаа истрага за причините што доведоа до излетувањето.

Иако настанот предизвика вонредни настани и загриженост, на крајот нема загубени животи — што е најважниот исход.

Continue Reading

Балкан

Честитка од Македонско друштво “Илинден“-Тирана по повод празникот Свети Климент Охридски 

По повод христијанскиот празник Свети Климент Охридски, македонското друштво “Илинден“-Тирана, упати честитка до Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустиниана Прима, господин,  господин Стефан и до сите Македонци каде и да се.

Од мое лично име, во име на друштвото и на сите Македонци во Албанија упатуваме честитки по повод голем христијански празник, денот на Свети Климент Охридски чудотворец – учителот и просветителот кој е доказ дека љубовта се мери според жртвата. Честитајќи им го празникот на г.г. Стефан, на членовите на Светиот архијерејски синод, на преподобното монаштво и свештенство, и на сите верници посакуваме денот посветен на патронот на МПЦ-ОА да го поминат во добро здравје, стои меѓу другото во честитката, потпишана од претседателот на друштвото Никола Ѓурѓај.

Се додава дека огромна е почитта кон Свети Климент Охридски, кој остави не само големо духовно и просветителско наследство, туку и со личен пример на дело покажа што значи милост, трудољубивост, трпение и солидарност.

Continue Reading

Балкан

Проектот FishNoWaste: Рибарите во Јадранот ќе собираат и рециклираат пластичен отпад

Рибарите долж Јадранското Море секојдневно извлекуваат големи количини пластичен отпад, но проблемот со морската пластика останува нерешен поради недоволна инфраструктура за собирање и предавање. Истражувањата покажуваат дека Јадранот има повеќе плутачки отпад од остатокот на Медитеранот, при што над 80% од него е пластика.

За справување со оваа криза, здружението Sunce, во соработка со организации од Хрватска и Италија, го спроведува проектот FishNoWaste. Проектот има за цел да собере податоци за видот и количините на отпадот што се појавува при риболов и да развие модел за заедничко управување со отпадот, со можност за повторна употреба и рециклирање.

„Законот ги обврзува рибарите да го предадат отпадот што пасивно го уловиле, но често нема каде да го остават“, истакнува Дора Чакушиќ, асистентка во Одделот за комуникации и застапување. Таа додава дека постојните системи за прием на отпад на копно се неефикасни и недоволно развиени, па трудот на рибарите често останува без посакуван резултат.

При влечење на мрежите, рибарите извлекуваат отпад од морското дно, а дополнителен отпад се создава и за време на риболовните активности, како кинење на мрежи, губење конопи, бови и други пластични елементи. Особено проблематични се „ghost nets“ – изгубени мрежи кои продолжуваат да фаќаат морски живот.

Проектот FishNoWaste вклучува научен мониторинг на отпадот и пилот-имплементација на модел за заедничко управување во избрани пристаништа, со активно вклучување на рибарите при собирање, сортирање и предавање отпад. Sunce спроведува и едукативни програми за рибарите, училиштата и локалните заедници, промовирајќи принципи на кружна економија и свест за влијанието на морскиот отпад врз екосистемот, здравјето и економијата.

Очекувањата се дека проектот ќе доведе до значително подобрување на системот за управување со риболовен отпад, развој на заеднички стратегии и зголемување на количествата отпад што се собира, сортира и рециклира, со долгорочен ефект врз зачувувањето на Јадранското Море.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг