ПУТИН: Западот може да организира уште десетици геј паради, но не може да ѝ диктира на Русија какво општество треба да изгради

Западот игра крвава и валкана игра, игра за ескалација, ја поттикнува војната во Украина, ја влошува ситуацијата околу Тајван, ја влошува енергетската криза и ги уништува гасоводите, рече рускиот претседател Владимир Путин во неговото обраќање.

– Знајте дека оние кои сеат ветар жнеат бура, рече Путин.

Тој додаде дека Западот „ги наметнува сопствените вредности и модели на потрошувачи“ и дека тие се обидуваат да ги стандардизираат тие модели во светот.

– Човештвото има два избора. Можеме да продолжиме со проблемите кои ги оптоваруваат сите или ќе работиме заедно, рече Путин и го повика Западот да работи на заедничка иднина на светот со Русија.

Западот, додаде Путин, не може да ѝ диктира на Русија какво општество треба да изгради.

Според него, САД немаат што да му понудат на светот освен својата доминација.

– Никој никогаш нема да може да ѝ диктира на Русија какво општество треба да изгради. Западот има право на десетици секс и геј паради, но тие не треба да се обидуваат да ги воведат во други земји, додаде Путин.

Тој реле дека Американците го убиле иранскиот генерал Сулејмани и се фалеле со тоа.

– Што е тоа? Каде живееме? Тоа е лудост, рече Путин.