Македонски гејмери станаа СВЕТСКИ ШАМПИОНИ, заработија 8,5 милиони долари ! (Фото)

 Македонскиот гејмер Мартин Саздов – Сакса, стана светски шампион во Дота 2, предводејќи го тимот Тундра до убедлива победа во денешното финале на 11. издание на најпрестижниот турнир за оваа игра.

„Сакса“ и неговите четворица колеги во интернационалниот тим Тундра денеска со убедливи 3:0 го совладаа Тим Сикрет во финалето на турнирот кој годинава се одржуваше во Сингапур, а за Македонецот ова е и најголем успех во е-спорт кариерата.

 Овој турнир е препознатлив и по богатиот награден фонд, па нашиот претставник е дел од екипата која ќе заработи нецели 8,5 милиони долари за денешниот триумф.

Саздов во 2016 година беше вицешампион со тимот на Дигитал Хаос на истиот турнир, па годинешниот настап е чекор понапред и вистинска гордост за македонската гејмерска сцена.