Connect with us

Македонија

Ковачевски: Зимава никој нема да мора да бира меѓу греење и храна

Published

on

Во однос на економијата и светската енергетска криза, премиерот Димитар Ковачевски во интервју за „Би-би-си“ вели дека Северна Македонија е либерална економија и оти како земја сме слободни во нашите надворешни односи. Ковачевски подвлече дека имаме инвеститори од европските земји, Кина, канадски компании, а најголемиот инфраструктурен проект што ќе го имаме е изградбата на Коридорот 8 кон Албанија и коридорот 10Д, автопат меѓу два големи македонски града, Битола и Прилеп, кои ќе бидат изградени од американскиот „Бехтел“ во конзорциум со турската компанија „Енка“, информираат денеска од Влада.

Во однос на енергетската криза, премиерот вели дека секој човек во криза, а оваа зима, како што нагласува, ќе биде најлоша по Втората светска војна, во вакви околности прво размислува за себе и за своето семејство.

-Кога сте премиер, мора прво да размислувате за сите граѓани, а на крај за себе. Јавно кажав дека никој во оваа земја нема зимава да биде оставен сам и никој нема да мора да бира меѓу греење и храна. Затоа, преку Светска банка, го обезбедивме најголемиот финансиски антикризен пакет, меѓу сите земји во регионот, којшто ќе биде наменет за најранливите категории на граѓани во земјата и за одржување на ликвидноста на компаниите, вели премиетот во интервјуто за „Би-би-си“.

Дополнително, нагласува, донесовме одлуки почнувајќи од април оваа година и тие ќе продолжат до крајот на годинава и, како што вели, ако ситуацијата е иста, и следната година ќе ја субвенционираат цената на електричната енергија за сите граѓани.

-Сите граѓани во државата добиваат петпати помала сметка за електрична енергија што би ја плаќале без субвенциите од Владата, а компаниите, на регулираниот пазар, 72.000 компании што вработуваат 98 отсто од работниците во земјата, исто така, добиваат субвенционирана цена на електричната енергија. Ги намаливме буџетските ставки што не се неопходни во време на криза и ги пренаменивме овие средства за борба со кризата и за помош на најранливите, оние со најниски пензии, добиваат дополнителна помош, најранливите, 41.000 жители на државата, месечно добиваат средства. Ја зголемивме минималната плата, ги зголемивме пензиите за 10 отсто во државата и сето ова е насочено кон граѓаните на државата, бидејќи никој не смее да биде оставен сам, нагласува македонскиот премиер во интервјуто.

Премиерот Ковачевски дополни дека од јануари следната година, ЕУ ќе обезбеди 80 милиони евра буџетска поддршка за соочување со енергетската криза. За Западен Балкан, ЕУ ќе обезбеди половина милијарда евра за енергетска транзиција, а тоа значи нови електрани, нова инфраструктура за снабдување со гас преку пристаништата во земјите. 

Македонија

Гордана Сиљановска – Давкова Присуствуваше на Одбележувањето на 80 Години на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола

Published

on

На 80-годишнината од постоењето на Националната универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Битола, одбележан е еден долг и значаен период на духовно и културно обогатување. Оваа значајна институција, најстара и најбројна во градот, има издржано бројни предизвици и битки низ времето, но и ги презела одговорностите на негувањето на библиотечната култура и зачувување на книжевниот фонд.

Претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска – Давкова, изрази почит и признание за библиотеката, која, како што рече, „е семејство на книгите“ и има останато верна на својата цел во континуираното ширење на читачките навики и културата на читање. Во своето обраќање, Сиљановска-Давкова истакна дека дигитализацијата ќе биде клучна за проширување на пристапот до библиотечните ресурси и за пренесување на овие богатства во иднината.

„Читањето ми стана неизбежна потреба и нужност“, додаде таа. „Ние мора да ги поттикнеме младите да се вљубат во книгите, да им ги отвораме вратите кон светот на знаењето и фантазијата уште од најмала возраст.“ Претседателката ја подвлече важноста на создавањето на читачки навики кај најмладите и ја нагласи потребата од континуирана поддршка за овие иницијативи, истовремено поттикнувајќи ги сите да подаруваат и читаат книги, како начин за личен и колективен развој.

Делото на НУУБ „Св. Климент Охридски“ продолжува да биде стожер на културниот и образовниот живот на Битола, а во текот на следните 80 години ќе игра клучна улога во зачувувањето на македонското наследство и проширувањето на светските хоризонти на знаење преку дигиталната ера.

Continue Reading

Македонија

Велешкото обвинителство покрена постапка за деца кои снимиле сексуално видео со дете и го уценувале

Published

on

Велешкото обвинителство покрена постапка за деца кои снимиле сексуално видео со дете и го уценувале, сите се помлади од 15 години.

Малолетници од Велес кои не наполниле 15 години, снимиле сексуално експлицитно видео на нивните мобилни телефони со дете кое исто така немало 15 години. Малолетниците со снимката го уценувале детето, со што сториле кривични дела уцена и полов напад врз дете кое на наполнило 15 години.

Видеото кружело помеѓу учениците во основните училишта во Велес, а истото било снимено на летниковец на улицата Браќа Капчеви во Велес. Инволвираните малолетници во случајот се од различни основни училишта од градот, додека едно дете се појавува како сторител на кривични дела насилство и тепачка во неколку наврати во изминативе месеци.

Од Основното јавно обвинителство Велес информираа дека веќе презеле дејствија во предметот.

„За пријавеното малолетно лице кое е под возраста што дозволува да биде кривично одговорно известен е Центарот за социјални работи за да преземе соодветни дејствија. За пријавен малолетник кој е на возраст од 14 години, пак, поведена е постапка и до судијата за деца во Основниот суд Велес предложена е мерка згрижување во воспитна установа додека трае постапката против него. Се работи на обезбедување на сите докази, а Обвинителството и надлежните служби преземаат дејствија за целосно испитување на настанот“, соопштија од ОЈО Велес.

Continue Reading

Македонија

Пет пациенти пуштени денеска, двајца се враќаат од Литванија и Шведска, четворица во критична состојба

Published

on

Од вкупно хоспитализираните 21 пациент во Скопје по несреќата во Кочани, денеска ќе бидат пуштени пет. Четири пациенти од оние што се лекуваат во странство се критични, кај двајца повторно е влошена состојбата. Се уште има и интубирани пациенти во тешка, но не и животно загрижувачка состојба, соопшти министерот за здравство Арбен Таравари.

Како што рече Таравари на прес-конференција, надвор од државата се 89 пациенти, но двајца се враќаат од Литванија и Шведска. Тие најпрво ќе бидат примени и прегледани во домашните болници од каде биле и испратени, според протоколот ќе бидат задржани 24 часа, а потоа ќе бидат пуштени дома.

За утре нема најава за враќање на други пациенти од странство, но во понеделник, истакна министерот, сигурно ќе се вратат пет.

-Од хоспитализираните, шест се во Клинички центар, шест во Градската болница и пет во ГОБ „8 Септември”, додека четворица се во приватните клиники. Денеска има пет исписи на пациенти кои се во подобра состојба и одат на домашно лекување по што ќе останат вкупно 16, информира Таравари.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк