,,Купен ЏИП БМВ Х5 на СТАРО, НЕ Е ЛУКСУЗ” смета Наумоски

Уредно во законскиот рок е пријавена промена на мојот имот. Со продажба на постојно возило и купување старо возило со година на производство од 2010 година. Дванаесет години старо возило БМВ Х5 е луксуз?

Дополнително укажувам дека Антикорупциската комисија (ДКСК) во својата база ги нема ажурирано моите податоци од 2009 година како член на Совет на Град Скопје“, вели функционерот Александар Наумоски во демантот до ВМРО-ДПМНЕ која партија денеска го наведе како функционер кој крие имот во рамки на аферата што ја отвори партијата „тајни имоти“.

Во својот демант до ВМРО-ДПМНЕ преку медиумите Наумоски ја приложи, како што вели, пријавата со промена на имотната состојба доставена до Антикорупциската комисија (ДКСК).

„Во оваа прилика би сакал да пријавам до Дпмне дека во наше Ѓорче за 4 години се направија инвестиции како за 20 години. За четири години во Ѓорче се изградија над 110 улици во должина од 40 километри, поставен е водовод 5 километри, фекалнa 40 километри, паркинг 7700 м2. Нова градинка во Волково, доградба на Детелинка со три занимални, поставено е ново модерно ЛЕД SMART осветлување , го вративме старото Корзо, изграден е кружен тек во Волково, Јоаким Крчоски после 60 години доби нова спортска сала, правно е решен проблемот со административно-деловната зграда во паркот, изградивме и реконструиравме детски игралишта, поставивме гумени подлоги на спортските игралишта континуирана поддршка за сите спортисти, спортски клубови, уметници, социјални случаи, еднократна парична помош за секое новороденче… Доградба на две училишта. И многу други проекти.

Постојните проекти со кои сега се фалите се оставени со решена целосна проектна документација и обезбедени грантови. Како, фекалната канализација со пречистителна станица во Орман. Фасадите, крововите и реконструкција на тоалетите во училиштата. Партерното уредување на Крстот во Кучково и сите други општински проекти без тие кои ги прави Град Скопје.

Ѓорчепетровци очекуваат повеќе. Ваков дефокус и ширење лаги за ситна политичка добит е само доказ за криење на неспособност“, вели функционерот и поранешен градоначалник на Ѓорче Петров, Александар Наумоски.