Стојменов на 11 години бил Цар Самоил

Борис Стојменов, сопственик на Канал 5 телевизија, поранешен министер и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, во синоќешното издание на емисијата Во центар откри до сега нечуени детали од неговото политичко и животно минато.

“На мои 11 години во родното Вељуса, струмичко, ме викаа Цар Самоил.

Во 1952 година имаше болест шап која ги фаќаше овците. Со таа болест овците кривеа на една нога, ослепуваа на едно или на двете очи. Јас ги чував и редовните, но ми ги дадоа и заболените 150 овци, која крива, која саката.

Одев со сакатите 150 овци сред село, сите ме гледаа, викаа еве ја војската на Стојменов и така ме завикаа Цар Самоил.” – изјави Стојменов во интервју со Васко Ефтов.