Велешанка со такси одела да купи дрога за сопругот во затвор, ја фатиле на патарина

Сопругата од Велес ја купила дрогата кај Катланово за 1 800 евра, но не успеала да му ја однесе на сопругот кој се наоѓа во затвор, бидејќи на враќање полицијата ја фатила на патарината „Сопот“.


Жена од Велес е под истрага заедно со нејзиниот сопруг кој се наоѓа во затвор и такси-возач, бидејќи купувала марихуана и хероин.

И сопругот и возачот се под истрага и сите тројца се сомничат за делото неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.

Велешанката (30) дрогата ја купила за сопругот што издржува казна затвор и таа била во количина од 978,6 грама марихуана и 0,31 град хероин. Меѓутоа, не успеала да ја однесе во затворот бидејќи ја фатиле на патарина кога се враќала од „пазарење“.

„Сопругот телефонски ја известил осомничената дека треба да оди во Скопје за од таму да ја преземе дрогата која потоа требало да му ја предаде нему во затворот. Таа го ангажирала третоосомничениот со неговото такси-возило да ја превезе. Во близина на Катланово, оштетената излегла од такси-возилото, па ја купила дрогата од непознато лице за сума од 1 800 евра и се вратила во возилото каде му кажала на третоосомничениот дека ја набавила дрогата. Со автомобилот се упатиле кон Велес, но на наплатната станица Сопот, полициски службеници од СВР Велес извршиле контрола, ја пронашле и ја одзеле наркотичната дрога“ соопштија од Основното јавно обвинителство Велес.


За велешанката и за возачот, обвинителството побарало од велешкиот суд да им одреди и мерка притвор.