Директорката на Детска клиника, Софијанова и директорот на онкологија, Васев поднесоа ОСТАВКИ

Директорката на Детската клиника, Аспазија Софијанова поднела оставка.

Како што информираше Министерството за здравство, оставката доаѓа по барање на министерот, откако ТВ Клан и новинарот Фуркан Салиу открија скандал дека земала до 5000 евра месечни примања, ако се соберат платата и дежурствата.

Поскандалозно било тоа што и биле пишувани дежурства, а таа била надвор од државата.


Оставка поднесе и директорот на Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија Никола Васев каде исто така биле откриени нерегуларности.


Согласно законските процедури, по назначување нови директори на овие клиники од страна на Министерот, јавноста навремено ќе биде информирана, велат од МЗ.