Срамна Македонија: Кај нас била одбиена да студира, а сега е министерка во Словенија

Среќна приказна за Емилија Стојменова Дух, млада виничанка, која денес е министерка за дигитализација во Словенија, но срамна и тажна за Македонија и само уште еднаш ја покажува гнилоста на овој наш систем, затоа што овој систем, оваа држава буквално ги брка своите брилијантни умови од државата и им ги дава на тацна на земјите каде се вреднува знаењето.

Емилија Стојменова родена е во Виница, во 1985 година. По завршување на вторa година во Природно-математичката гимназија во Виница се сели во Марибор, Словенија. Од Агенцијата за развој на кадри во Словенија добива стипендија за програмата меѓународна матура во Втората гимназија во Марибор каде го завршува средното образование.

Приказната на Емилија Стојменова Дух ќе ја гледате во емисијата Патот до успехот, во недела во 20.45.

Во Студио 10, Мишко Иванов ви презентира само еден сегмент, кој е поразителен за Македонија како држава.

-Кога завршив гимназија, сакав да студирам во Македонија моето семејство беше во многу тешка економска ситуација, но тука мене ми побараа 800 евра за да студирам во земјава под образложение дека не сум Македонка. Јас бев и се уште сум Македонка, вели Емилија Стојменова Дух, министерка за дигитализација на Р. Словенија во емисијата Студио 10 на ТВ24 објаснувајќи како и зошто останала во Словенија.