Connect with us

Македонија

На Битолчани честит нека им е Денот на ослободувањето од „подивелио Хитлep и неговите слуги – Бугарски фашисти окупатори“

Честит да ни е денот на ослободувањето на Битола, имаме особена чест да го објавиме плакатот објавен на 04.11.1944 година кој е пишуван на битолски дијалект :
,,Идеалот на нашите Илинденци-борци од прошлоста и на нашите денешни борци Славните Партизани је остварен:

Оригинален плакат


На по големиот дел од МАКЕДОНСКАТА земја за прв пат после толку векојна ропство је господа самио македонски народ и над МАКЕДОНИЈА се веј славното МАКЕДОНСКО ЗНАМЕ.


،،Битолчани и Битолчанки уште еднаш честит да ни е денот на ослободувањето од подивелиот Хитлер и неговите – Бугарски фашисти окупатори“.

Голема благодарност до Стефан Бошков – пишуваат од Бабам Битола.

По капитилацијта на фашистичка Бугарија, продолжувајќи ја борбата против  германските единици што се повлекувале од Грција кон Албанја и Србија, борците на 49. дивизија на НОВ и ПО на Македонија, во чии рамки влегувале борците од Седмата битолска бригада, Битолско-преспанскиот партизански одред, а нешто подоцна и борците на Леринско-костурската бригада, уште позасиелно ги напаѓале германските колони и им нанесувале тешки загуби во луѓе и техника. 

Така, во текот на октомври 1944 година единиците од составот на Седмата бригада ги напаѓале германските моторизирани колони на патните правци Битола-Прилеп, Битола-Демир Хисар, Битола-Ресен, Битола-Охрид, а во борбите кај селата Лопатица и Тополчани, биле уништени повеќе непријателски камиони и повеќе стотици непријателски војници.

Само кај Превалец, во ноќта меѓу 7 и 8 октомври биле убиени 160 непријателски војници. На 24 октомври, делови на Бригадата на секторот јужно  од с. Беранци воделе борби со војниците од германска моторизирана колона составена од 250 возила. Исто така беа и ликвидирани непријателските упоришта во непосредна близина на Битола односно кај Крклино, кај Могила и др. Од друга страна кон 20 октомври 1944 г. Леринско-костурската бригада, по наредба на Штабот на 49. дивизија на НОВ и ПОМ, ги затворала патните правци Лерин-Битола и Меџитлија-Битола и во реонот на битолските села Породин, Кравари и Бистрица имала повеќе напади врз германските моторизирани колони кои се повлекувале од Грција. 

Утрото на 4-ти ноември 1944 година, единиците од 49. дивизија на НОВ и ПО на Македонија, победоносно влегле во Битола каде биле со воодушевување пречекани од граѓаните. Во четиригодишната херојска Националноослободителна и антифашистичка војна на Македонија, граѓаните на Битола и Битолско дадоа значаен придонес, а околу 266 борци ги положија своите животи во нерамноправна борба со бугарските, италијанските и германските окупатори и нивните домашни слуги.

Македонија

Безбеден град: ЌЕ ИМА ВОЗИЛА ЗА ЧИИ РЕГИСТАРСКИ ТАБЛИЧКИ НЕМА ДА ИМА КАЗНИ

Системот „Безбеден град“ кој е во тест фаза пред да стартува на 1 јануари или еден месец подоцна, во моментов не ја дава можноста да се внесуваат броеви од регистарски таблици кои би биле изземени од генерирање на прекршочни казни. 

Секое возило кое ќе биде снимено дека ги прекршува законите и сообраќајните правила ќе добие соодветно известување за казна. Но, ова ќе се промени во иднина кога регистарските таблици на возилата со првенство на минување, како што се брза помош, пожарна и полициски возила ќе бидат внесени во системот и за нив нема да се процесираат казни. Во системот ќе има докази дека ги возилата со тие регистарски таблици ги прекршиле сообраќајните правила.

Во иднина, согласно позитивните законски прописи, односно од одредбите од Законот за безбедност во сообраќајот и на патиштата, возилата со првенство на минување ќе се евидентираат во системот и за истите записите нема да се бришат. Тие ќе се чуваат во лог менаџмент“, вели Маја Арсовска Манов.

Но, ова го отвора прашањето од можни злоупотреби на оваа опција. Односно, вработени кои имаат пристап до системот, по нечија наредба или самоволно, да внесуваат регистарски таблици кои не се на возила со првенство на минување, односно на политичари, на влијателни лица, но и на свои пријатели и другари. Од МВР ветуваат дека ќе има контролни механизми.

Тоа се реформите кои во моментов се на сила, на кои се работи на нив. Меѓутоа, сепак Министерот за внатрешни работи ќе одлучи кои и во каков вид ќе се врши контролата. А контрола, секако дека ќе има. “, вели Маја Арсовска Манов.

Инаку, една од најголемите реакции на социјалните мрежи околу системот „Безбеден град“ е непостоењето на сообраќајна инфраструктура, пред се таканаречен „Зелен бран“. Тоа значи семафорите да се координираат така што зеленото светло се активира последователно, создавајќи „бран“ од зелени сигнали за возилата кои се движат со препорачана брзина, често од 40 до 50 километри на час во урбани услови. Ова го намалува метежот, штеди гориво и го подобрува протокот на главните сообраќајници.

Од Град Скопје, во чија надлежност е воспоставувањето на ваквиот систем, за ТВ21 велат дека.

Во Сообраќајниот центар при улици и патишта во моментов се работи на решение за повторно воведување на таканаречениот „Зелен бран“ во Скопје, кој ќе ги опфати најфреквентните улици во главниот град. Се очекува наскоро решение“ Во Скопје оваа опција со „Зелен бран“ постоеше пред десетина години, по што престана да функционира.

Continue Reading

Македонија

Граничниот премин Евзони повторно прооден – заврши блокадата, сообраќајот нормализиран

Сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) попладнево беше целосно одблокиран — од 15:00 часот движењето кон и од Грција се одвива непречено, информираат од Авто‑мото сојуз на Македонија (АМСМ).

Преходно, преминот беше блокиран од утринските часови, поради штрајк на грчки земјоделци, што предизвика привремено запрени граѓански и товарни возила.

Од АМСМ велат дека иако состојбата е нормализирана, останува можност граничниот премин повторно да биде затворен ако протестите продолжат.

За оние кои патуваат кон или од Грција — Евзони сега е прооден, но се препорачува да го следат сообраќајниот претпазливост и известувањата.

Товарниот сообраќај и автобусите сѐ уште треба да проверат дали ќе има дополнителни ограничувања во одредени премини.

Continue Reading

Македонија

243 нови содржини на македонски јазик на Викимедија МКД — Википедија збогатена со значајни статии

Во рамки на редовниот камп на Викимедија МКД, волонтери создадоа 243 нови содржини на македонски јазик за глобалната енциклопедија Wikipedia – потврди организацијата.

Кампот, кој се одржа на Попова Шапка, ги вклучи волонтерите во пишување енциклопедиски статии, дискусии и едукативни предавања. Како дел од активностите, експерти и координатори – меѓу кои м-р Ненад Шундовски, Орце Нинески, Лили Арсова, како и претседателот на Викимедија МКД – м-р Николче Стојаноски и извршната директорка Снежана Штрковска – одржаа предавања насочени кон насочување на учесниците и подобрување на нивниот придонес.

Како што посочи Викимедија МКД, целта на оваа иницијатива е не само да се збогати содржината на Википедија на македонски јазик, туку и да се поттикне активното учество на млади луѓе и ентузијасти во создавање и ширење на знаење достапно за сите.

Со оваа активност, Википедија на македонски јазик добива нови вредни содржини – што дополнително ја зајакнува нејзината улога како отворен и бесплатен извор на информации на мајчин јазик за граѓаните од целата држава.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг