Србите ги напуштаат косовските институции, полицајците ја соблекоа униформата (ВИДЕО)

Неотповикливи оставки на своите функции денеска поднесоа градоначалниците на четирите мнозинско српски општини во Косово, советниците, пратениците во Косовското собрание, судиите, обвинителите, вработените во администрацијата во обвинителството и судството, како и припадниците на Косовската полиција во регионот север.

Соопштувањето на оваа одлука на прес конференцијата на Српската листа беше проследено со гласен аплауз од присутните , додека полицајците пред телевизиските камери ги соблекоа и униформите кои ги носеа.

Претседателот на Српската листа, Горан Ракиќ, изјави дека оваа одлука била едногласно донесена на денешниот состанок во Звечане.