Connect with us

Македонија

Граѓаните изманипулирани, за кубен метар огревно дрво платија по НАД 5.000 ДЕНАРИ !

Во време на енергетска криза, проследена со инфлација, кога граѓаните бараат алтернатива за затоплување на домовите за претстојниот зимски период, цената на дрвото за огрев кај приватниците достигна до над 5.000 денари за кубен метар. Немајќи механизам во државава за сразмерно покачување на цената, како и за речиси сите други производи, приватниците кои работат со сеча на дрва, ја „искористија“ ситуацијата и вештачки ги „напумпаа“ цените на дрвото за огрев. Владата алармирана за проблемот, презема мерки, но се поставува прашањето дали се соодветни.

Од една страна има апели од Влада за штедење на електрична енергија, од друга страна апели од Министерството за животна средина и просторно планирање „да не се гори што било“ за да не се загадува воздухот, од трета страна нереални цени на дрвото за огрев. Како и во секоја сфера, така и за оваа, на крајот на денот повторно страдаат граѓаните.

Толкава разлика во цената, меѓу понудата од ЈП „Национални шуми“ и онаа на приватниците, не е забележната во текот на изминатите години. Според информациите од граѓаните кои претходните години набавувале дрва од приватници, разликата во цената кај ЈП „Национални шуми“ и приватниците била најмногу 500 денари по кубен метар, што е поприфатливо, но за жал оваа сезона, што е преставена како „најтешката зима, по Втората светска војна“, тоа не е случај.

ЈП „Национални шуми“ нема капацитет да ја задоволи побарувачката за дрва за огрев, а приватниците кои работат со сеча на дрва, дополнително ја „искористија“ ситуацијата, создавајќи вештачка паника за недостиг на дрва и граѓаните ја платија цената.

Штетата за оваа сезона е направена бидејќи речиси 80 проценти од домаќинствата кои користат дрва за огрев, имаат набавено, но она што е важно, со оглед на проекциите за наредната година, кога се очекува продолжување на енергетската криза и инфлација, треба да има навремена реакција за да не се повтори овој случај.

Владата, на седницата што се одржа во средата, на предлог на Министерството за економија, донесе Одлука за определување највисоки цени на огревно дрво од даб и од бука, како и на пелети за огрев.

Највисоките цени на огревното дрво од даб и бука се утврдени во висина до 4.500 денари за просторен метар, односно до 6.429 денари за кубен метар, што претставува уште повисока цена од онаа што ја нудеа приватниците.

Владата донесе Одлука и за престанување на важноста на одлуката за посебни услови во трговијата на мало, со која беше замрзната маржата на огревно дрво од даб и од бука и пелети за огрев за сите трговци во висина најмногу до 10 отсто.

За ситуацијата, од МИА разговарале со директорот на ЈП „Национални шуми“, Валентин Груевски, кој истакнува дека Претпријатието не е во можност да ја задоволи побарувачката за дрва за огрев и оти се соочуваат со недостиг на кадар, што веројатно во текот на следните години и ќе се зголеми.

Тој информира дека од крајот на август во ЈП „Национали шуми“ е зголемена цената на дрвата, на огревното дрво и на техничкото дрво за 20 проценти од она што беше претходно. Истакна дека цената на огревното дрво не била покачена 13 години, од 2009 година.

Моментално на нашите складови цената на просторен метар е 3000 денари плус ДДВ. Тоа е цена утврдена со одлука на управниот одбор и дозволена од Влада. Она што приватниците го купуваат од кај нас, најчесто го купуваат од склад или го купуваат од шумско-камионски пат кадешто цената е поевтина, бидејќи се работи за дрва кои ги купуваат од шума. Тоа е нормално бидејќи треба да однесат луѓе кои треба да товарат, се работи за големи растојанија, голем пат, и да го донесат до крајните потрошувачи. Цената приватнците ја формираат сами плус она што го донесе Владата – 10 отсто маржа во однос на нивните трошоци, наведува Груевски, за МИА.

Тој посочува дека, според информациите кои ги има, цената на дрвата за огрев во Скопје достигнала до 5.000 денари за кубен метар, а во помалите градови до 4.500 денари. Рече дека како ЈП им излегле во пресрет на здруженијата на пензионери кои оваа година ќе се снабдат со дрва по стара цена.

Директорот на ЈП „Национални шуми“ смета повисоката цена на огревното дрво во Скопје се должи на транспортот.

Скопје е голем град, има голема побарувачка, а соодветна шума за задоволување, блиску нема. Во помалите градови како Демир Хисар, како Радовиш, еве и Битола, Ресен се работи за пониски цени бидејќи е помал транспортот и помала е далечината, вели Груевски.

Тој оценува дека е направена непотребна паника дека ќе има недостиг на дрва.

Мислам дека се направи непотребна паника и непотребна нервоза дека дрва ќе нема. Вкупно можам да ви кажам дека оваа година ние ќе имаме повеќе количина на дрва отколку што сме имале минатата година. Тие потреби се тука негде кои во моментов и како Национални шуми заедно со приватицните или операторите кои работат од кај нас можеме да ги произведеме или да ги исечеме. Значи тоа е количеството на дрва и малку се направи непотребна паника дека ќе нема дрва, иако ние континуирано работевме и количината на дрва, според податоците кои ги имаме и во јули и во јуни и во мај по производство е иста количина на дрва, дури и оваа година имаме околу 20.000 кубни мтри поголемо производство на огревно дрво според она што досега го имаме како официјални податоци, потенцира Груевски.

Тој оценува дека за во иднина единствена мерка која што би можела да се преземе е да се регулира маржата или дрвото да се стави на регулиран пазар.

Единствената регулатива што можеби би постоела е тоа да се ограничи маржата или, пак, дрвото би дошло на некаков регулиран пазар, како енергенс, и би добивало цена како нафтата и другите енергенси, како струјата. Се додека е вака и кога сте го ставиле на слободен пазар мислам дека цената ќе зависи од понудата и побарувачката, вели директорот на ЈП „Национални шуми“.

Груевски нагласува дек вештачката паника којашто беше создадена и кај населението и кај дел од медиумите, дека ќе нема дрва, си го направила своето и цената порасна многу високо.

Се создаде непотребна паника, еве доаѓа крајот на годината се сведуваат бројките. Нашето производство ќе биде поголемо отколку минатата година. Ќе имаме 20.000 кубни метри плус огревно дрво. Дрво ќе има доволно, меѓутоа цехот го платија најмногу граѓаните, со зголемената цена, истакнува тој.

Директорот на ЈП „Национални шуми“ нагласува дека мора да се имаат предвид и зголемените трошоци, за транспорт и за работна сила, што го оптоварува процесот за добивање дрва.

Осврнувајќи се на работата на ЈП „Национални шуми“, Груевски истакнува дека граѓаните мора да разберат дека претпријатието нема можности да ги снабди сите кои имаат потреба за дрва.

Тоа би било најдобро да е така, меѓутоа во моментов ние таква можност немаме, не би навлегувал во причините зошто се довело во таа состојба, меѓутоа во моментов е така, вели директорот.

Тој информира дека оние кои се снабдуваат со дрва преку ЈП „Национални шуми“ уште во февруари или март плаќаат за да им стигнат дрвата пред зимската сезона.

Мора да се разбере дека кога ќе платите дрва во февруари, во март не можете да добиете дрва веднаш затоа што е невозможно тогаш да се сече и со текот на времето ги добиваат дрвата. Она што е најголемиот проблем и можеби ќе ни се јавува како проблем во наредните години е недостиг на работа сила. Се помалку има луѓе кои сакаат да работат во шума, кои знаат да сечат шума, кои знаат да вршат дотур и да ги носат. Тоа е еден од поголемите проблеми и според она што ние го гледаме можеби во текот на годините се повеќе би се продлабочувало, бидејќи има се помалку таква работа сега. Истиот проблем го имаат и приватниците и кај нив се јавува голем проблем. Ние имаме цели реони каде што сме ја дале шумата на тендер за сечење, меѓутоа и самите приватници не можат да најдат доволно луѓе и соодветно брзо да ја исечат шумата и да ја донесат онаму каде што им е обврска, дали се работи за техничко дрво, дали се работи за огревно дрво. Значи проблемот со работна сила не е само во „Национални шуми“, туку е на ниво на цела држава, потенцира Груевски.

Пандемијата со корона вирусот, војната во Украина, енергатската криза, предизвикаа огромни последици по економијата, како во другите европски земји, така и кај нас. Јавноста постојано реагира дека со цените на речиси сите производи се врши класично „воено профитерство“, така што она што се очекува се итни, навремени и соодветни мерки од страна на државата со цел што поскоро да се ублажи ситуацијата.

Македонија

Стабилно време со магла до понеделник, дожд од вторник

До понеделник се очекува стабилно и претежно тивко време низ земјава, со појава на магла во утринските часови и зголемена облачност на некои места.

Утре, 18 декември, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, додека претпладне на одредени места ќе се појави магла. Ветарот ќе биде слаб и променлив.

Во Скопје се очекува слично време, со претежно тивко време и појава на магла во котлинските делови претпладне.

Стабилното време ќе се задржи до понеделник, а од вторник се најавуваат локални врнежи од дожд.

Continue Reading

Македонија

Над 40 државни институции преминаа на електронско управување со документи

Повеќе од 40 институции во државата веќе го користат националниот Документ менаџмент систем (ДМС), што овозможува побрзи и поефикасни услуги за граѓаните, соопшти министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски во изјава за медиумите.

Според него, поврзувањето на институциите и општините преку единствен дигитален систем претставува суштинска реформа во функционирањето на државната администрација, со фокус на поедноставени и подостапни јавни услуги.

Андоновски информираше дека за само четири месеци е двојно зголемен бројот на институции кои користат електронска архива и електронски систем за управување со документи. Дополнително, преку државната платформа за интероперабилност, само во ноември биле реализирани 2,6 милиони трансакции, што претставува значителен раст во однос на просекот во текот на 2024 година.

Министерот посочи и дека за 20 проценти е зголемен бројот на институции и компании приклучени на платформата за интероперабилност, што директно придонесува за намалување на административните процедури и потребата граѓаните да доставуваат документи од една до друга институција.

„Овие резултати значат помалку хартија, помалку чекање и помалку простор за корупција. Дигиталната трансформација не ја третираме како ИТ-проект, туку како реформа во корист на граѓаните, со јасни и фер процедури“, истакна Андоновски.

Тој додаде дека целта е институциите да функционираат брзо, разбирливо и еднакво за сите, а Министерството за дигитална трансформација останува посветено принципот „граѓаните на прво место“ да стане стандард во работењето на државата преку конкретни и мерливи резултати.

Continue Reading

Македонија

Собранието ги усвои клучните закони за проектот „Безбеден град“

Собранието во рамки на попладневниот дел на 76. седница без расправа ги донесе измените и дополнувањата на повеќе закони кои се дел од пакетот потребен за целосно функционирање на системот „Безбеден град“. Со 65 гласа „за“ и ниту еден „против“ или „воздржан“, пратениците усвоија измени на Законот за извршување на санкциите, Законот за полиција, Законот за возила и Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, сите по скратена постапка.

Пратеникот Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека законот е дел од шесте законски измени кои обезбедуваат имплементација на еден од најзначајните проекти во историјата на Македонија, кој започна пред неколку недели и практично ќе стартува од 1 февруари.

Законот за прекршоци, исто така дел од пакетот, воведува посебна постапка за прекршоци констатирани со технички средства и уреди за снимање, вклучително електронска достава преку текстуални пораки или е-пошта, 50% намалување на глобата при доброволно плаќање во рок од осум дена, како и автоматско суспендирање на возачката дозвола по акумулирање на три забрани во четири години. Пратеничката Моника Трајанова од ВМРО-ДПМНЕ објасни дека измените ќе го зголемат ефектот на превенцијата, ќе намалат административни трошоци и ќе ја зголемат ефикасноста на постапките.

Стојановски додаде дека законите овозможуваат одземање на возило на несовесни возачи, како и подобрување на процесот на издавање возачки дозволи, со зголемена транспарентност и контрола врз членовите на комисијата која ги доделува дозволите.

Во рамки на истата седница, пратениците го усвоија и Законот за концесии и јавно-приватно партнерство, исто така по скратена постапка, со што се овозможува поефикасно реализирање на инфраструктурни и други јавни проекти.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг