Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека на лидерската средба зборувале за енергетската криза, и за буџетот за 2023 година, за блокираните закони во Собранието.
Вели дека евроинтеграцијата е национален проект, не е проект на една политичка партија.
„Потребно е да се вклучат сите партии, сите пратеници за да се одблокираат процесите“, рече премиерот.
Вели дека инклузивност е потребна и за Европската Унија(ЕУ).
„Доколку ги изгласаме уставните измени, автоматски одиме понатаму“, рече Ковачевски.
Кажа дека треба да бидеме мудри и да го искористиме моментот, за одиме напред. Според него, не е време за поделби, сега е вистински момент, со полн капацитет да се исполни поставената цел. Вели дека како општество треба да покажеме зрелост. Лидерската средба со ВМРО-ДПМНЕ ја оцени како позитивна.
Впрочем исто како и неговиот претходниот Зоран Заев кој своевремено тврдеше дека со промена на Уставот, Македонија автоматски ќе добие датум за преговори.
Македонија сигурно ќе треба да го отвори прашањето со нејзиниот Устав, пред нејзината интеграција во ЕУ, како сите членки на Унијата, изјави тогашниот премиер , Зоран Заев.
