Connect with us

Македонија

Радев: Бугарија е втор центар на цивилизацијата, ѝ даде азбука на Европа

Бугарија ѝ даде букви и писменост на Европа уште пред 12 век, а благодарение на старобугарската книжевност која никна во Преслав и во Охрид, Бугарија стана втор центар на цивилизацијата после Византија. Ова е оценката на претседателскиот двоец во Бугарија, Румен Радев и Илијана Јотова кои учествуваа на Меѓународниот форум за кирилицата на тема „И ние сме му дале нешто на светот“.

Форумот, како што објави БГНЕС, е во организација токму на Јотова која порача дека претседателската институција оддава признание на научните откритија на бугарските интелектуалци и нивната упорност во барањето на вистината за богатата бугарска култура.

-Недозволиво е денеска историјата да се менува и преиначува во корист на геополитички интереси, вели Јотова.

Според неа, опасна е тенденцијата бугарскиот јазик да се изместува со факти кои немаат ништо заедничко со науката. Кирилицата, вели, е амблем на православието, а освен тоа, „го докажува бугарскиот придонес и во Европа и во Северна Азија“. На Форум, како што најави Јотова, треба да бидат разгледани перспективите на кирилицата во новата дигитална ера.about:blank

Радев, пак, кажа дека не може да се говори за кирилицата без да се спомене придонесот на светите браќа Кирил и Методиј и нивните ученици.

– Претворајќи се во наш најскапоцен дар за човечката цивилизација, кирилицата гради мостови, изјави радев, додавајќи дека таа продолжува да им служи на десетици националности низ светот.

Епископот Полиакрп, од името на бугарскиот патријарх и софиски митрополит Неофит порача дека денес има потреба од чувари на делото на светите браќа Кирил и Методиј, како и на нивните ученици, бидејќи Бугарите се наследници на достојните предци.

Македонија

Германски воен авион наместо во Приштина – принудно слета во Скопје

Германски воен авион денеска не успеал да слета на аеродромот „Адем Јашари“ во Приштина поради недостиг на сертифициран персонал за слетување во услови на намалена видливост.

Од Агенцијата за воздушна навигација информираа дека другите летови функционираат нормално, а проблемот се однесувал конкретно на воениот лет.

Податоците од платформата Flightradar24 покажуваат дека авионот полетал од Берлин во 8:40 часот наутро и бил пренасочен кон Скопје, каде безбедно слетал.

Инцидентот повторно го отвори прашањето за техничката подготвеност на аеродромот во Приштина за слетувања во комплексни метеоролошки услови.

Continue Reading

Македонија

Инспекциите откриваат неправилности кај матичните гинеколози

09.12.2025 – Засилени контроли од страна на Управата за јавни приходи (УЈП) и Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ) открија дека дел од матичните гинеколози не издаваат фискални сметки за услугите кои ги наплаќаат.

Според неофицијални информации на „Слободен печат“, мерките следат по мониторингот на невладините организации од октомври 2024 година, кој покажал дека жените често плаќале за услуги кои би требало да бидат бесплатни, а без да добијат фискална сметка.

ФЗОМ истовремено ја проширил контролата и на други сектори, вклучувајќи ја службата за итна помош, како и проверка на реалноста на боледувањата и начинот на исплата на платите. Резултатите од сите инспекции се очекуваат да бидат објавени следната недела.

Директорот на ФЗОМ, Сашо Клековски, на прес-конференцијата се осврна и на проблемот со Клиниката за онкологија при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, каде не се изработуваат анализи за тумор маркери.

Continue Reading

Македонија

Мицкоски: Додека јас сум премиер, нема да никне ниту еден шатор со илегални мигранти

mickoski

Премиерот Христијан Мицкоски денеска јасно го потенцираше ставот на Владата дека Македонија нема да прифати илегални мигранти и нема да дозволи поставување шатори за нив на територијата на земјата.

Повод за изјавата беа објавите на британските медиуми дека Велика Британија разгледува можност за депортирање на одбиени баратели на азил во Северна Македонија, при што секој депортиран мигрант би бил платен од британската страна. Мицкоски изјави дека со британските власти оваа тема не е разговарана и дека, доколку биде, Владата ќе ја одбие таквата опција.

„Во објавите се наведува ‘неуспешни апликанти за азил да ги праќаат во трети земји’. Да потенцирам пред македонската јавност – таква тема не е предмет на разговор, а и да биде, ќе биде одбиена од наша страна. Нашата цел е заеднички да се бориме против илегалната миграција и да ја браниме Европа“, рече Мицкоски.

Премиерот додаде дека опозицијата се обидува да го користи прашањето за мигрантите за политичка кампања, но нагласи дека борбата против илегалната миграција е фундаментална политика на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој најави и нов проект „Безбедна држава“, инспириран од концептот „Безбеден град“, кој ќе овозможи мониторинг на македонските граници и ќе го спречи илегалниот влез, шверцот и трговијата со луѓе.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг