Connect with us

Свет

Амбасадорот на СП во Катар ГО ШОКИРАШЕ СВЕТОТ: „ХОМОСЕКСУАЛЦИТЕ имаат ПСИХИЧКИ ПРОБЛЕМ, тоа е ГРЕВ“

Published

on

Амбасадорот на Светското првенство во Катар, Калид Салман, две недели пред почетокот, во изјава за германскиот јавен сервис ЗДФ ја окарактеризирал хомосексуалноста како грев – пренесуваат CNN И The Guardian.

Во интервјуто за документарниот филм наречен „Тајниот Катар“ тој рекол дека „многу работи ќе дојдат во неговата земја“ и почнал да зборува за хомосексуалците. Поранешниот фудбалер додал дека сите ќе можат да дојдат во Катар, но дека ќе мора да ги почитуваат правилата на земјата.

„Имам проблем, пред сè, што децата ќе гледаат хомосексуалци. Ќе научат нешто што не е добро. Хомосексуалноста е харам (грев) и е забранета“, потенцира Салман.

Тој смета дека хомосексуалците имаат „ментален проблем“. Потоа, портпаролот на СП го прекинал интервјуто, велат од ЗДФ пред денешното емитување на таа изјава.

Хомосексуалноста во Катар е забранета и може да биде казнета со седум години затвор.

Свет

Путин прогласи примирје за Денот на победата, еве колку долго ќе трае

Published

on

Владимир Путин најави „хуманитарен“ прекин на огнот од 8. до 11. мај по повод 80-годишнината од завршувањето на Втората светска војна

Рускиот претседател Владимир Путин најави „хуманитарен“ прекин на огнот од 8. мај до полноќ на 11. мај, во чест на 80-годишнината од завршувањето на Втората светска војна, јави Кремљ.

„За време на овој период, сите воени акции ќе бидат прекинати. Русија смета дека украинската страна треба да го следи овој пример“, се наведува во соопштението на Кремљ.

Истовремено, Русија ќе организира голема парада за одбележување на Денот на победата во Втората светска војна.

Оваа најавена мерка доаѓа во време кога Москва продолжува да го одбива барањето на Киев за целосен и безусловен прекин на огнот како прв чекор кон постигнување на поширок мирен договор.

Continue Reading

Свет

Ватикан откри кога започнува со избирање на нов папа

Published

on

Конклавата за избор на новиот Папа ќе започне на 7 мај 2025 година, по завршувањето на светите Литургии посветени на вечното упокојување на починатиот папа Фрањо.

Кардиналите кои се наоѓаат во Рим, по консултациите, ја донеле оваа одлука на петтата Генерална конгрегација што се одржала во понеделникот наутро во Синодската сала во Ватикан.

Конклавата, која ќе биде одржана во познатата Сикстинска капела, ќе биде следена со големо внимание од католичките верници ширум светот, како и од медиумите кои ќе ги покриваат сите значајни моменти во процесот на изборот на новиот поглавар на Католичката црква.

Ова ќе биде одговорен и тежок момент за кардиналите кои треба да го изберат новиот лидер на црквата, во време на значајни предизвици и промени во светот.

Continue Reading

Свет

Ватикан ја затвори Сикстинската капела, започнува подготовката за избор на нов папа: Еве што ќе се случува во следниов период

Published

on

Сикстинската капела затворена за јавноста – започнува подготовката за избор на нов папа

По смртта на папата Франциско и неговото погребување во базиликата Света Марија Велика во саботата, Сикстинската капела во Ватикан денес е официјално затворена за посетители. Почнува подготовката за одржување на конклавата – затвореното собрание на кардиналите кои ќе изберат нов папа.

Деветдневниот период на официјална жалост ќе започне меѓу 5 и 10 мај, по што следува гласањето во капелата, зад затворени врати. Иако се уште не е познато колку долго ќе трае конклавата, подготвителните активности се во полн ек.

Илјадници верници и светски лидери минатиот викенд се собраа на Плоштадот Свети Петар за да оддадат последна почит на починатиот папа, чие водство остави длабока трага во поновата историја на Католичката црква.

За среќните туристи кои успеале да ја посетат Сикстинската капела во неделата, искуството било особено значајно. „Мислам дека имавме голема среќа што бевме последната група посетители што ја видоа капелата денес. Нашето патување едноставно немаше да биде комплетно без ова“, изјави еден од нив.

Сикстинската капела, светски позната по фреските на Микеланџело, во наредните денови ќе биде центарот на вниманието на милиони верници, додека Црквата се подготвува да го избере својот нов духовен водач.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк