Connect with us

Македонија

Жан Митрев: Немаме земено ниту денар повеќе од пациентите, срам да им е на сите кои ме обвинуваат за профитерство!

Published

on

Клиника „Жан Митрев“ ниту денар нема земено повеќе од пациентите за време на пандемијата, дури ниту поради погрешна финансиска пресметка. И Управата за јавни приходи како и независни вештаци утврдија дека секој депозит што е земен а не бил искористен, до денар е вратен на пациентите, велат од приватната клиника „Жан Митрев“.

„Во 2020 година на нашите пациенти им вративме над 2 милиони евра, во 2021 година вративме 3 милиони и 200 илјади евра од аванси. За какво профитерство се зборува овде, доколку сме сакале да направиме нешто зар ќе им вратевме на пациентите 5 милиони и 200 илјади евра во време на Ко вид. Срам да им е на сите кои нè обвинуваат за профитерство“, нагласува д-р Жан Митрев во соопштението.

Според него, во текот на лекувањето на пациентите ништо не е направено вон насоките и процедурите.

-Со процесот на хемофилтрацијата се спасени човечки животи. Тоа се потврдува и со смр тноста којашто во клиниката е ниска во време на КО ВИД. Според деталните болнички извештаи во Жан Митрев клиника биле хоспитализирани вкупно 1738 третирани пациенти, од кои 1296 преживеале, со што стапката на успех во третманот на пациентите со компликации од Ков ид-19 во Жан Митрев клиника изнесува 74,6%, потенцирал докторот.

Во соопштението се додава дека од пациентите кои се третирале од Ков ид-19 во Клиника Жан Митрев, 294 пациенти или 47% претходно биле хоспитализирани во други болнички установи.

Од Клиниката истакнуваат и дека стотици странски државјани ги посетиле за време на Ков ид и за нивното лекување платиле реномирани меѓународни осигурителни компании од Англија, Германија, Италија, Швајцарија, , што според Клиниката, е показател за ревносното финансиско работење на Клиниката, а успешноста на лекувањето воопшто не било ниту тема за разговор.

Македонија

Просечната плата за една година зголемена за 2.300 денари, трошоците за живот за 15.000 денари

Published

on

За 550 денери се зголемила просечната плата во октомври во однос на септември. Статистиката пресмета дека вработените во просек земаат нешто над 42.000 денари плата. Оваа сума е за 2,300 денари повисока од октомвриската лани.

Но, скокот на платите, не го следи поскапувањето на храната. Од Синдикатот велат дека и со покачувањето, платата не стига за нормална живеачка.

– И овие плати се ниски. Мора да најдеме начин да се подобри стандардот на граѓаните. Со овој просек кој го имаат, со 2 просечни плати од текстилниот сектор, кои се околу 27,000 денари, не може да се задоволи месечната потрошувачка кошница која надмина 1,000 евра. Според статсиктата, околу 70.000 работници земаат плати од 27.000 до 37.000 денари, изјави Љупчо Радовски, претседател на текстилен синдикат.

Највисоки плати, над 97 илјади денари земаат програмерите. Зад нив, нешто над 60 илјади добиваат вработените во фармацијата, водухопловството, финансииските услуги. Најниски плати пак, се исплаќаат во текстилната индустрија, иако за една година во овој сектор пораснале за над 10%. Според Радовски, морале да исплаќаат повеке, за да се спречи иселувањето во регионот,  каде минималецот е речиси двојно повисок отколку кај нас.

– Ние се соочуваме со недостиг на работна сила. Сите заминаа да работат во земјите од регионот, каде минималната плата која се исплаќа во овој сектор е двојно повисока, додава Радовски

Инако, периодов, на социо-економскиот совет се преговара за зголемување на минималната плата, која во моментов изнесува 22,576 денари. Синдикатот бара 450 евра минималец, додека со законското усогласување во март треба да изнесуава 400 евра. 

Continue Reading

Македонија

ПУМПАШИТЕ ГО ЗНААТ? Груби виден на бензински пумпи во Албанија, а нема формален влез во Албанија?!

Published

on

Неизвесноста продолжува околу прашањето каде се наоѓа Артан Груби. Дали е во Косово, Албанија или на сосема друга локација? 

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на новинарско прашање за локацијата на Артан Груби одговори дека не сака да шпекулира.

Исто така и вицепремиерот Изет Меџити рече дека локацијата на Груби може да е Албанија или Косово.

Екипата на ТВ21 била во Тирана, а по пат застанале на две бензински пумпи каде што ги прашале вработените на бензиските кои им рекле дека го виделе како користи тоалет.

Од друга страна, ТВ21 во неформален разговор со институции во Тирана, дознава неофицијално дека не е регистриран формален влез на Груби во Албанија.

Од неколкуте институции со кои разговарале во Тирана, на ТВ21 им рекле дека не е добро да се шпекулира за присуство на Груби во Албанија особено со оглед на ризикот да се нарушат односите меѓу премиерот Еди Рама и коалицијата ВЛЕН.

Извор: ТВ21

Фото: илустрација принтскрин инстаграм артангруби

Continue Reading

Македонија

Најави за обилни врнежи од дожд и снег

Published

on

Метеоролозите за утре најавуваат врнежи од дожд и снег во пониските места, а на планините и повисоките места од снег.

Врнежите ќе бидат пообилни во западните и крајните источни делови (над 25 л/м2) каде на планините ќе се зголеми постојната снежната покривка, а помала снежна покривка ќе се формира и во некои од пониските места.

Ќе дува умерен до засилен јужен, а во текот на ноќта засилен северен ветер (над 60км/ч).

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк