Бетмен Велит за министерот: ВОЛ

Авторот на ,,Вечерното шоу со Богдан Илиевски” ги анализира причините за однесувањето на министерот за надворешни работи Бујар Османи во однос на Македонците во Бугарија и најавата дека Законот со кој треба да се санкционира славењето на фашистички соработници треба да биде испратен до Венецијанската комисија.

Илиевски кој на социјалните мрежи е познат како Бетмен Велит во насловот на анализата за Османи го користи зборот ,,Вол”.

,,За македонскиот клуб Никола Вапцаров се стави во улога на бугарско МВР и рече „ќе проверувал кој бил финансиер на клубот“ отворен во Благоевград.

Дополнително оцени дека клубот им штетел на Македонците во Бугарија, на што Македонците во Бугарија му рекоа да не тропа глупости.

Сега, повторно „ничим изазван“, откако Собранието го изгласа со „неалбански консензус“ законот за здруженија и фондации (ги немаше браќава на гласање, јбг), и откако се чинеше дека еднаш во последниве години се зазеде заеднички став на власта и опозицијата зад заеднички интерес, Бујар ќе го праќал законот на венецијанска комисија. Повторно како да е бугарски министер за правда, а не македонски министер за надворешни работи.

И не мислам дека е случајна соработката Бујар/ДУИ со Бугарите по два основи. Првиот го знаете. Вториот: се прави обид да се направи тензија меѓу „патриотскиот блок“ и албанските партии во очи на неизбежните предвремени избори, бидејќи рејтингот на сдсм иако блескаат силно и одлучно е пепел и се ближат кон 250.000 гласа, па идејата е веројатно сите на купче да се соберат (во влада) и со сите методи да сторат се што можат за „штетата“ кон патриотскиот блок предводен од ВМРО-ДПМНЕ да е што поголема.

Што и да е, едно е факт после овој потег на Османи. ТОЈ НЕ РАБОТИ ЗА ИНТЕРЕСИТЕ НА МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНСКИОТ НАРОД. Нема дилема тука. Никаква дилема”, пишува Илиевски дообјаснувајќи дека зборот ВОЛ во насловот не означува Високо Образовано Лице туку вол.