ТРАГЕДИЈА ВО МАЛТА! Загина момче од Македонија, семејството моли за помош за транспорт на телото

Младиот Македонец Мартин Костов вчера загина во тешка сообраќајна несреќа која се случи во Слиема на Малта.

– Поради финансиски потешкотии на неговото семејство Ве замолуваме кој колку може да донира на сметка на неговиот брат Иван Костов со цел побрзо собирање на средствата за транспорт на телото од Малта во Македонија. Да покажеме солидарност и хуманост во овие тешки мигови, се вели во апелот објавен од Македонската заедница во Малта.