Згодната Италијанка на Новак му поставила непријатно прашање: Ѓоковиќ се насмеал, па вака го избегнал одговорот (ВИДЕО)

На церемонијата на претставување на осумте учесници на АТП финалето, Новак покажал неверојатно знаење на италијанскиот јазик и за разлика од колегите со водителката Мелиса зборувал на нејзиниот мајчин јазик.

„Големо задоволство ми е што сум тука, секогаш уживам кога играм во Италија. Кога зборувам на италијански јазик верувам дека тоа повеќе им се допаѓа на луѓето тука. Ова е еден од најголемите турнири во нашиот спорт, учествуваат најдобрите играчи на планетата. Во исто време и одговорност е да се подготвиш што подобро и да го доведеш телото во најдобра состојба за крајот на годината. Минатиот пат изгубив во полуфиналето, би сакал да направам чекор понатаму годинава“, изјавил Новак, а потоа од страна на убавата водителка следело и едно непријатно прашање.

Убавата Мелиса го прашала за неговото навивачко определување, односно за тоа што навива за ФК Милан.

„Ти си навивач на Милан, зар не?“.

„Не знам дали смеам тоа да го кажам тука и сега, ајде да продолжиме понатаму“, низ насмевка рекол Новак.

https://twitter.com/frani2312/status/1590796697000898560?s=20&t=uhtontT2b2VJauvcPGi5Eg

Инаку, жителите на Торино главно се навивачи на ФК Јувентус.

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе игра во Црвената група на завршниот мастерс турнир во Торино и ќе се обиде да го освои по шести пат. Последен пат Ѓоковиќ овој трофеј го освоил во 2015 година.