Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, со предупредување до граѓаните за нестабилноста на мостот надвозник кај Визбегово.
Имено, тој информираше дека од мостот висат парчиња бетон и се опасност за луѓето и возилата што се движат под и на него.
-Можната нестабилност на мостот како и парчињата бетон кои висат од него претставуваат опасност за луѓето и возилата што се движат по него но уште повеќе за тие што се движат под него. Во неколку наврати побаравме интервенција од потенцијално надлежните институции, но опасноста сеуште не е отстранета – истакна Ангелов.
Тој потенцираше дека денеска повторно јавно ги повикува надлежните институции да реагираат, медиумите да истражат и информираат, а граѓаните да пријават било каква опасност на бројот 112.